Фудбалот според многумина е најпопуларниот спорт а многумина велат дека фудбалот е повеќе од игра. Тоа можеше да се почуствува особено оваа година кога од средината на март заради пандемијата предизвикана од корона вирусот беа откажани сите фудбалски натпревари на сите нивоа .
Овие денови по повеќе месечна пауза започнаа да се играат натпреварите од повеќе национални првенства но без присуство на публика.Натпеварите сега се гледаат на телевизиските екрани но тоа не е она вистинското.Го нема оној ритуал на одењето на навивачите на натпреварот, дружењето, славењето на победата на своите миленици и тагата за изгубениот натпревар ,кога и едните и другите ,радоста и болкта ги лечеа со кригли пиво.
А фудбалската игра одсекогаш кај вистинските вљубеници во оваа игра била светост која понекогаш била ставана на проба кога кај некои требало да се бира помеѓу љубовта кон саканата и љубовта кон фудбалот.Во повеќето случаи победувала љубовта кон фудбалот а понежниот пол уште пред почетокот на натпреварот биле осудени на пораз.
Токму за една ваква дилема во далечната 1962 година , дотогаш непознатата , пејачка Рита Павоне отпеа една песна која говори за нејзината тага кога нејзиното момче во недела секогаш ја остава сама заради тоа што тоа оди да ги гледа своите миленици на фудбалски натпревар.
Песната е насловена како „ Фудбалска игра“. Музиката ја напишал Едуардо Вијаноли а текстот Карло Роси. Таа била наменета за пејачката Коки Мазети но неа прва ја отпеала 17 годишната пејачка Рита Павоне која била на почетокот од кариерата чиј сингл со оаа песна бил издаден во јануари 1962 година и бил продуциран од Теди Рено. Синглот со песната во изведба на Коки Мазети се појавил во продавниците за грамофонски плочи , во септември 1962 година.Интересно е да се спомене дека верзијата на Мазети од верзијата на Павоне се разликува само во еден дел од еден стих.Едниот гласи: „Во недела ме остава сама дома“ а другиот „ Во недела секогаш ме оставаш сама“.
Но, и во обете изведби се говори за една девојка која е уморна од тоа секоја недела да остане дома сама додека нејзиното момче оди да ужива во играта со топка заради што таа е љубоморна на тоа.
Верзијата на Рита Павоне била попопуларна и послушана од онаа на Коки Мазети .Песната станала голем хит кој допринел за популарноста на Рита Павоне и нејзината идна кариера.Достигнал милионски тираж како и нејзините следни изведби. Секако голем удел во тоа имал Теди Рено кој ја открил Рита Павоне која победила на првиот фестивал за таленти кој го рганизирал токму тој. Павоне била победничка на неговото прво издание и ја добила шансата да ја отпее песната „Фудбалска игра“. Неколку години подоцна (во 1968) таа ќе се омажи за Теди Рено кој од неа е повозрасен безмалку 20 години.Тие и ден денес се заедно во брачна заедница.
Во 1988 година бразилската пејачка Габриела снимила португалска верзија на оваа песна која била насловена како „ Зошто?“.
За популарноста на оваа песна во тој период говори и еден ситен детал од омнибус филмот „ Вчера, денес, утре“во режија на Виторио Де Сика во кој во една од приказните, Софија Лорен ја потпевнува оваа песна заведувајќи го на некој начин младиот свештеник од соседната тераса.
Рита Павоне и по такаречи шест децении од овој нејзин успех и понатака е активна . Таа настапи оваа година на јубилејното 70 .издание на фестивалот Сан Ремо и тоа по пауза од цели 48 години (1972). За прв пат во Сан Ремо настапи во 1969 година.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк