Горан Стојаноски, директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид во кусото интервју за „Публицитет.мк“вели дека пред институцијата со која раководи од почетокот на годинава стои крупна и амбициозна програма, со високо зацртани цели.
Покрај стандардните манифестации кои се под закрилата на Центарот како што се Прличевите беседи, Балканскиот фестивал и Охридските староградски средби со Народниот театар најави збогатување на репертоарот со уште три премиери влезени во Годишната програма на Министерството за култура на РМ. Театарот вели Стојаноски преку Детско – младинската сцена ќе си ја гради идната публика,а ќе има уште некоја претстава плус во сопствена продукција.
-Во мигов во Центарот за култура и Тетарот работат вкупно 45 лица и тоа е една бројка која бара сериозна организација, ангажирање на сите капацитети и соодветно поставување на човечките ресурси.
-Размислуваме во од, додава директорот Стојаноски, кому главната визија му е Охрид да добие обновен, реконстуриран или дограден Центар за култура со посебна сцена за театарот, секако со поддршка на Владата на РМ и најавата дека инвестицијата е планирана за 2017 година и дека сега во тек се неопходните подготвителни зафати.
Со клик на линкот слушнете го во целост интервјуто со директорот Горан Стојаноски
М. Ј. Публицитет.мк