• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јули 6, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

„Галебот и јас“ Оливер Драгоевиќ

септември 1, 2021
in Тоа беа години
„Галебот и јас“ Оливер Драгоевиќ

Еден од најдобрите и најквалитетните фестивали на забавна музика во бившите југословенски простори секако е Фестивалот на забавна музика Сплит кој оваа година се одржа по 61 .пат во периодот помеѓу 8 и 10 јули. На фестивалот беа исполнети 25 нови песни кои беа во изведба на познати изведувачи од Хрватска.

По распадот на Југославија фестивалот во Сплит, по едногодишна пауза заради војната ,од 1992 година тој  и понатака се одржува но сега тој е само национален односно хрватски фестивал на забавна музика.

Златните години фестивалот во Сплит ги имаше во седумдесетите и осумдесетите години од изминатиот век кога на него настапуваа најпознатите и најпопуларните изведувачи на забавна музика од некогашната држава но и голем број на познати интернационални пејачи (претежно од Италија) кога фестивалот во еден период беше со интернационален предзнак.

За жал, денес фестивалот во Сплит не е ниту сенка од некогашнот фестивал кој важеше за престижен и беше вистинска чест да се биде таму.

Останаа само спомените на едно време минато и стотиците песни кои станаа дел од историјата на едно време кога музиката имаше друго име.

На тоа време минато ќе се потсетиме со една безвременска песна и безвременска изведба . Се работи за песната „Галебот и јас“ на композиторот Зденко Руњиќ кој за време на својот живот успеа да напише 700 композиции. Од нив дури 200 ги напиша за Оливер Драгојевиќ меѓу кои и „Галебот и јас“која , според многумина, се смета за една од најубавите песни  кои се испеани на фестивалот во Сплит.

Мошне интересна е приказната на композиторот Зденко Руњиќ за создавањето на оваа песна која беше објавена пред неколку години на порталот Морскихр.

Додека шетал покрај брегот со својот син Борис ,кој во тоа време одел во прво одделение, дувал југ. Оној класичен сплитски југ кој влијае врз расположението , а галебите се беше насобрале на осушената морска трева , исфрлена на плажата. И токму тогаш неговиот син му предложил да напише песна за галебот.

Со таква идеа тој отишол кај Томислав Зупа (познат хрватски поет и текстописец) и му раскажал како ја замислува песната :галебот како слободна птица која нема природни непријатели , наспроти човекот долу окован во сопствените грижи.Зупа во писмо по три дена му го испратил текстот на Руњиќ , но нему не му се допаднал.

Откако од Фестивалот на далматиски клапи во Омиш бил повикан на конкурсот за овој фестивал да им испрати некоја песна, Руњиќ по повеќе од еден месец повторно го зел текстот од песната „Галеб“ и започнал да свири на клавирот. Што повеќе свирел , тоа песната се’ повеќе му се допаѓала, за конечно да заклучи дека текстот е генијален.

Неговата идеја била песната „Галебот и јас“да биде омаж на клапата, но штом ја слушнал и почуствувал Оливер Драгојевиќ, го запрашал:„За кого ти е ова?“ . Кога Руњиќ му кажал дека песната е за фестивалот во Омиш, Оливер  му рекол : „Ама каков Омиш, ова јас го пеам“.

Интерсно е да се спомене дека музиката за оваа песна , онаква каква денес ја знаеме, Руњиќ ја напишал само за 20 минути.

Песната за првпат е изведена на фестивалот во Сплит во 1975 година на вечерта на далматински шансони на која биле изведени 12 композиции.Според гласовите на публиката Оливер го освоил осмото место.Дури подоцна песната ќе го добие признанието кое го заслужува а кое го има и денес како песна над песните на сите сплитски фестивали.

Потсетување на изведбата на Оливер Драгојевиќ , која и по 46 години како да е создадена и испеана вчера.Навистина, ТОА БЕА ГОДИНИ…

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 152
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Марија Филева

Next Post

Преземени сите мерки за непречена настава во училиштата во Охрид

Next Post
Преземени сите мерки за непречена настава во училиштата во Охрид

Преземени сите мерки за непречена настава во училиштата во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 152

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk