Иако изгледаат прилично сложено, за изработката на овие фасцинантни слики на една уметница и биле доволни само прстите од рацете.
Со повеќе од триесет години уметничко искуство, оваа уметница користејќи ги само прстите и дрвен јаглен, навистина ги тестира и поместува границите на уметноста, пренесува “Daily Mail”.
Иако најчест мотив во нејзините дела е пејзажот, таа во својата уметност внесува и доза на провокативност, па така, и сексуалните мотиви можат многу често да се забележав во нејзината работа. Едно од најпознатите нејзини дела со сексуална тема е сликата “Blue Penis”, изложена во Новиот музеј на концептуална уметност во Њујорк. Исто така, со својата необична техника таа го развива и најевтиниот начин за создавање на уметност, односно на тој начин го приближува сликарството и до оние со полоша материјална состојба.








