• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Галерија „Букефал“ – Глигор Чемерски се колнеше само во сликарството

декември 19, 2016
in Во светот на уметноста

Роден е во Кавадарци во 1940 година, а почина во април оваа 2016 година во Скопје.

 Чемерски се образувал во Скопје, Белград и во Париз. Завршил Академија за ликовна уметност и постдипломски студии во Белград. Во 70 години тој добива стипендија од француската влада што му овозможува повеќегодишен престој стојува во Париз. Чемерски беше чест гостин на француската престолнина, а во последните години стана еден од постојаните сликари на Galerie du Fleuve во Париз.

cemerski protret

Глигор Чемерски е сликар, графичар, мозаичар. Од 1959 година до крајот на шеесеттите години интензивно се занимава и со ликовна есеистика како еден од застапниците на уметничката слобода и интелектуалната победа на повоената модерна. Антологиски есеј му е „Жива Византија“, 1977 година.

cemerski slika

Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и иконите на православието. 

gligor 2

Од 1962 година, кога првпат самостојно изложува во Скопје, следуваат триесетина индивидуални изложби во Охрид, Струмица, Кавадарци, Белград, Загреб, Будва, Александрија, Париз, Хаг, Вашингтон, Вилмингтон, Феетвил, итн. Македонското и југословенското сликарство во периодот до 1991 година ги претставувал во Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Дубровник, Пореч, Париз, Рим, Александрија, Истанбул, Софија, Прага, Грац, Букурешт, Москва, Мадрид, Копенхаген, Мексико Сити, Њујорк, Хаг, Даблин, Белфаст, Глазгов…

 Остварил повеќе монументални дела во Скопје, Вруток, Кавадарци и во Кочани. Споменикот на слободата во Кочани вклучува мозаични фризови од 320м2. 

gligor 3

За своето сликарско творештво добил голем број најзначајни признанија и награди од кои последната е Гран при на третиот „Зимски салон“ во Скопје, 1994 година.

gligor 4

Проф. д-р Борислав Петковски за Чемерски ќе рече:  

-Да не заборавиме дека Чемерски израсна крај Петар Мазев, секако еден од бардовите на поновото македонско сликарство, според чии многубројни изјави „од најраното детство на Чемерски па низ целиот мој живот јас од него немав поблизок творечки собеседник“. Во Белград каде што во почетокот на шеесеттите ги доврши своите сликарски студии и Специјалката и каде што со многу успех ја доживеа својата прва културна промоција, тој се пронајде во пријателска четворка уште со Тодор Стевановиќ, Радислав Тркуља и Филип Буловиќ. „Го делевме лебот и солта, платното и боите, но заради анархичноста и крајната независност на секој од нас, толку „неподносливи“ за тогашното наше сликарско окружување, никогаш не создадовме „група“, ми се доверува умтеникот. Веќе во овој период Бата Михаиловиќ, извонредно ситуиран во париската хиерархија, му отвори пристап во галеријата „Рив Гош“ и кон своите пријатели од прочуената „Кобра“.

gligor

Еве што пишува Михаиловиќ во еден париски предговор за изложбата на Чемерски во „Галери ду Флев“ Го сакам сликарството на Глигор Чемерски. Глигор е роден експресионист. Тој е сликар со силен гест, полн со елан, со молњи и грмотевици. Бевме во потрага по истиот дух, кога мошне одамна се сретнавме во манастирот Нерези, близу Скопје. Глигор тогаш имаше токму деветнаесет години. Оваа средба пред грандиозното „Оплакување“ стори да ги откриеме заедничките корени. Оттогаш ние се колнеме само во Курбиново, Сопоќани, Ван Гог, Ел Греко и Пикасо… Се колнеме само во сликарството“.

Публицитет.мк 

Посетеност: 93
Share
Previous Post

Промовирана книгата „Македонски јазик: идентитет континуитет – доискажување“

Next Post

Се намалува водостојот на Охридско Езеро

Next Post

Се намалува водостојот на Охридско Езеро

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 93

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk