• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Галерија „Букефал“: Кераца Висулчева – сликар на чувствата и душата

ноември 28, 2016
in Во светот на уметноста

Кераца Висулчева (с. Нестрам, Костурско, 7 април 1910 – Скопје, 13 јануари 2004) — современа македонска и бугарска сликарка.

Набргу по нејзиното раѓање, нејзиното семејство го напушта родниот крај и се сели во Бугарија. Најголемиот дел од животот Кераца Висулчева го минала во Пловдив. Во 1930 година, Висулчева се запишува на Художествената академија во Софија. Студиите ги завршила во 1935 година. Поради јавното искажување дека е Македонка, Висулчева била исклучена од Сојузот на ликовните уметници на Бугарија. На нејзиното инсистирање, во 1941 година доаѓа во Македонија и се вработува во Женската гимназија во Скопје, а во меѓувреме учествува и на неколку групни изложби. Заради одредени семејни обврски се враќа во Бугарија 1944 година и предава цртање во неколку гимназии во Пловдив, каде останува да живее се до своето преселување во Скопје. Неколку години пред својата смрт, во 1996, таа емигрира во Република Македонија, каде Министерството за култура и се оддолжи водејќи грижа за нејзиниот престој во Македонија и обезбедувајќи заштита за делата кои ги остави за Македонците и на Македонија.

keraca 1

Целокупното творештво од над 500 дела (слики, пастели, акварели и скулптури) Висулчева го остави во трајна сопственост на македонската држава. Нејзината последна желба беше уметничките дела да не се продаваат, туку да останат како дел од националното богатство на Македонија. Денес тие се изложени во Ресен и Скопје.

keraca 2

 

Стилското дефинирање на целокупниот опус на Кераца Висулчева се задржува на реализмот и пост-импресионизмот, со мали отклонувања кон национал-романтизмот. Нејзиното сликарство накусо се означува како сликарство на импресијата, на чувствата и душата. Позначајно од стилската определба е бескомпромисната оддаденост на уметноста и нејзините феномени: бојата, формата, светлината, цртежот. Страста кон сликањето не и дозволила на оваа борбена сликарка да стане заложник на тематски, идеолошки или содржински диктати. Напротив, поетиката на пејзажите, спокојните визури на урбаните сцени од Париз, Антиб или Авињон, сензибилитетот на балерините, дамите и капачките, наспоредни на благородните физиономии на редица значајни личности од нејзиното опкружување, укажуваат на доследност кон естетскиот принцип.

 

keraca 3

Во духот на сопствената кауза и интима се реализирани и нејзините автопортрети, мајката на Никола Вапцаров, училиштето во Пиринска Македонија. Психолошкиот третман на портретираните личности го имаат својот пандан во емотивниот пристап кон раскошната архитектура на Монмартр или Мулен Руж и кон, не помалку возбудливата ерупција на, морските бранови. Повеќето актови соопштуваат длабоко почувствувана сензуалност на женските тела. Во делата Несрам, моето родно село – 1980 и Мојот роден крај – 1980, работени на седумдесетгодишна возраст (кога за прв пат по неколку децении го посетува родното место), очигледно е присуството на болката, носталгијата или меланхолијата згуснати во времето, собирани со децении во една емотивна жена.

 

keraca 4

 

Во некогашниот турски сарај, а сега Дом на културата „Драги Тозија“ во Ресен се наоѓа спомен соба во која се изложени 40-тина цртежи и слики одбрани од творештвото на Кераца, фотографии, предмети, медали и одликувања и други признанија кои Висулчева ги добила во Италија, Франција и други европски држави, како и последната недовршена слика на Киро Глигоров. 

 

keraca 5

Висулчева, пред својата смрт, изразила желба нејзините слики како постојана поставка да бидат изложени токму во оваа зграда во Ресен. Шетајќи низ Македонија, таа ја одбрала најубавата и најстарата куќа во Ресен, бидејќи ја потсетувала на годините и спомените од нејзините долги престои во Франција.

Публицитет.мк 

 

 

Посетеност: 98
Share
Previous Post

Заклучен избирачкиот список, право на глас имаат 1.784.416 граѓани

Next Post

Мартин Милески со нова преработка – Coldplay – The Scientist (Martin Mileski cover)

Next Post

Мартин Милески со нова преработка - Coldplay - The Scientist (Martin Mileski cover)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 98

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk