Киро Урдин (Струмица, Република Македонија, 12 мај 1945) е современ македонски сликар, визуелени мултимедијален уметник, филмски режисер, скулптор, писател, поет, новинар, а по професија и правник.Во Струмица го завршил основното и средното образование. Дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1969 година. Во периодот од 1971-1973 работел како новинар, но подоцна студирал на парискатаАкадемијата за применетауметност. Во 1997 година дипломирал на Академијата за филм во Париз каде и денес живее и работи. Во 1982 и 1983 изработувал портрети на истакнатите учесници на „Струшките вечери на поезијата“. Од 1984 година професионално се занимава со сликарство и има реализирано над 100 самостојни и групни изложби во познати галерии и музеи.
Урдин твори како слободен уметник во повеќе земји – Франција, Сад, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Мексико, Белгија, Порторико, Филипини и Тајван. Од 2005 година е член на МАНУ. Во 1997 година ја претставуваше Република Македонија во Солун, културната престолнина на Европа, а во 2008 година ја претставуваше Македонија на Фестивалот на франкофонија во Русија. Урдин е уметнички основач на движењето Планетаризам.
Творењето на Киро Урдин еволуираше надвор од традиционалните медиуми како што се филмот и сликите со вклучување на танцот, скулптурата, книжевноста, фотографија, филозофијата и дизајнот. Неговото име за првпат е запишано на книгата афоризми „Le Dedoublement de la Personnalite“. Следува книгата „Le Dessin, le Pastel et l’Aquarelle of the contemporary arts“. Ги илустрирал книгите на Jacques Delors „Combats pour l’Europe“ и на Antoli Karpov „Mes plus belles victoires“. Досега има објавено 15 книги со афоризми и една книга поезија со наслов „Новели“. „Светлина“, поема од книгата, беше избрана за Фестивалот на Пушкин во Москва.
Покрај сликарство и книгите, од работилница на Урдин излезени се и неколку краткометражни филма,„Уметноста на Киро Урдин“, „Те сакам, Ибан“ и „Планетариум“ во продукција на МРТВ. Киро Урдин е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои и на наградата „Златна бубамара на популарноста“ за животно дело во уметноста.
Публицитет.мк