• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, август 25, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Галерија БУКЕФАЛ – Купување уметност

април 18, 2016
in Во светот на уметноста

 

Значи сте решиле дека е време да се купи уметничко дело?  Што треба да сторите?

Вашиот прв чекор нека биде посета на што повеќе галерии со можност да видите повеќе стилови на изразување и типови на уметност.

Во денесно време преку Интернет можете да посетете повеќе галерии со само едно кликнување на тастатурата.

Така и Галеријата БУКЕФАЛ лесно ќе пронајдете и се разбира и нашата понуда, независно каде сте по светот.

buk 2

Уметничките галерии се добра основа за почеток затоа што галеристите се тие кои гледаат илјадници слики и прават селекција која ја изложуваат во своите галерии мислејќи дека се тие вистинските за нивните клиенти ( купувачи).

Првото патување во светот на уметноста нека ви биде фокусирање односно пронаоѓање на вашиот вкус, со кој тип на слики би можеле да живеете секојдневно. Едноставно кажано тоа би значело да се одбере кој стил на уметност би ја задоволил вашата перцепција дали тоа е: реализам, импресионизам, апстракна уметност … или со кој автор би се “идентификувале” Манасиевски, Кондовски,Мартиновски,Качев…

После дефинирањето на вашиот вкус за стил во уметноста убаво би било прелиминарно низ разговор со галеристите да се запознаете поконкретно со сликите кои се изложени во нивните салони.

                                                                              ZUPAN

Галеристите обично се желни за разговор посебно за сликите кои тие ги избрале и изложиле и можат да споделат  информации со Вас во врска со конкретните дела. Може истовремено да ве запознаат и со дела од други автори кои го негуваат стилот на уметност кој што вие сте го избрале и нормално да одговорат на вашите љубопитни прашања.

Распрашајте се малку повеќе во врска со историјата на галеријата,колку години постои? Колкав период соработуваат со вашите омилени сликари? Дали се експерти во дејноста што ја работат. Имајки го во предвид фактот дека купувањето слики односно уметнички дела ќе ви биде доживотна опсесија пожелно е да воспоставите пријателски односи со галеристот како и взаемна доверба.

Независно  од која академија, кој правец во уметноста го негуваат уметниците, цените на нивните слики се релативни што би значело дека зависат од повеќе фактори. Како и да е, како што ќе расте вашата колекција вие ќе барате можности да обезбедите и слики што се со поголема вредност и автори кои се значајни за уметничкото постоење на просторите каде што творат и пошироко.

Најважна работа што треба да се запамети кога го почнувате Вашето патување во светот на уметноста е да купувате дела во кои што ќе уживате гледајќи ги.

 

foto zupan copy

Пишува: Љупчо Жупан, галерија Букефал – Охрид 

Публицитет.мк 

Посетеност: 105
Share
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во Виена, СДСМ ќе се консултира со партиите и со невладините организации

Next Post

Мотото на слаткарницата и бурекџилницата ПАЛМА во Охрид е ОД МАЛИ НОЗЕ ДО ПЕНЗИЈА

Next Post

Мотото на слаткарницата и бурекџилницата ПАЛМА во Охрид е ОД МАЛИ НОЗЕ ДО ПЕНЗИЈА

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 105

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk