Роден е во Галичник, на 26 март 1901 година, а починал во Скопје на 10 април 1964 година.
Личеновски се смета за еден од втемелувачите на ликовниот живот во Македонија. Тој е еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж (“Бачила”, “Долап”, “Афионски полиња”, “Охридски рибари”), во кој внесува и фоклорни елементи. Сликаше мртва природа и портрети, а создаваше и мозаици.
Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 год. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Ецоле дес Артс ет Мертиерс, ги посетувал ателјето на Андре Лот и Ацадемие де ла Гранде Цхаумиере (1927-1929).
Живеел во Белград, а потоа во Скопје. Бил член на предвоената белградска група Облик.
Во едно од ретките интервјуа кои останале во времето Личеноски вели:
-Откако знам за себе, уште од предучилишна возраст, страсно цртав и сликав. Воден од тој уметнички идеал, упорно се движев по напорниот трновит пат низ макотрпниот живот, работејќи неуморно и деноноќно, само да дојдам до саканата цел – уметноста.
Лазар Личеноски спаѓа во првата група современи македонски ликовни уметници. Заедно со Димитар Пандилов – Аврамовски и со Никола Мартиноски го означува почетокот на современата ликовна уметност во Македонија. Роден е во Галичник, а како дете живеел во Призрен и во Тетово. Гимназија запишал во Скопје, продолжил во Тетово, но не завршил затоа што почнал да работи во столарската фирма на татко му. Почнал да заработува со пишување букви на фирмите во чаршијата. Во 1921 година заминал во Белград, каде што се запишал во Уметничката школа. Неговото прво ателје се наоѓа во Белград и таму Личеноски работи од 1921 до 1927 година.
Заедно со Пандилов и со Мартиноски, Личеноски учествувал на една групна изложба во Скопје во 1927 година, а потоа сите тројца заминале на натамошно професионално усовршување во Париз. Во 1927 година, Личеноски ја имал и својата прва самостојна излижба во Просветниот дом во Скопје.
Следните две години, од 1927 до 1929 година тој е на студиски престој во Париз, каде што специјализирал фреско-техника кај Марсел Леноар и професорот Пол Бодуен.
По престојот во Париз, до крајот на Втората светска војна, Личеноски живеел во Белград, каде што бил вклучен во белградската ликовна група „Облик“. За периодот по неговото враќање од Париз, во своите автобиографски белешки, Личеноски вели: Од сликарството не можеше да се живее. Сликите што ги донесов од Париз не беа доволни за изложба. Знаев дека треба да се прават слики, и тоа не актови стилизирани и деформирани во духот на најмодерниот правец во Париз зашто овде требаше да се задоволи вкусот на снобовите кои купуваа, а не заради уметноста и естетското доживување, туку од снобизам, за да ги украсат трпезаријата и салонот, по мера на новите богаташи, ситни трговци, кои се уште не знаат да се снајдат во тие салони и трпезарии.
Во 1929 година, во мај, период кога во Македонија цутат афионите, тој доаѓа во Македонија, ги обиколува манастирите и црквите и прави триесетина пејзажи кои ги изложува на својата прва самостојна изложба во Белград. Следната година, Личеноски ја има својата втора изложба во Скопје, во свечената сала на Офицерскиот дом. Последниот месец од 1930 година, Личеноски за првпат изложува и во Загреб, каде што се запознава со Иван Мештровиќ, кој за неговите слики му рекол: Се гледа дека имате големо чувство за бојата. Вие можете да бидете одличен сликар, но тоа не значи дека сте и уметник. Уметник е само оној кој во своето дело внесува лична нота. Ако се задржите на својот терен и малку посериозно ги погледате вашите средновековни фрески, лесно ќе го најдете својот уметнички пат.
За сликарството на Личеноски е специфичен македонски амбиент (на пример, афионски полиња), а неговата преокупација во сликите е човекот во моментот на некоја работна активност, на пример, претстави на рибари, бачила, дрвосечачи.
1930 и 1931 година Личеноски ги минува во Скопје. Со ликовната група „Облик“ учествува на изложби во Лондон, Ливерпул, Манчестер, Софија, Прага… По војната, Личеноски се сели во Скопје и тука живее од 1945 до 1960 година. Повоениот период за него претставува фаза на тешко приспособување на околностите. Првата изложба во Велес му минува катастрофално. На отварањето немало никого, бидејќи од Скопје пристигнал камион со пиво и сите велешани чекале пред кафеаната. Во тој период сликите требало да бидат во согласност со официјалното толкување на социјалистичкиот реализам: сликата да има само еден човек или нешто од човек, а не само колористички флеки.
Тоа е време кога Личеноски е во четиричлената комисија што ја опремила Уметничката галерија во Скопје. Тој е предавач на првата генерација ученици во Уметничката школа во Скопје. Во 1954, во Даут-пашиниот амам во Скопје е отворена ретроспективна изложба на Личеноски. Пет години подоцна (1959) во Домот на градежниците тој се претставува со постановката на тема „Старо Скопје кое исчезнува“.
Дел од неговото творештво се и мозаиците „Мајка со дете“, „Галички девојки“, „Мајстор-кујунџија“, „Апотеоза на трудот“ и други. По земјотресот, под шаторско крило во дворот на разурнатата куќа, насликал неколку платна од таа природна катастрофа. Истата година во декември учествувал на изложбата на македонската ликовна уметност во Лондон и во Брадфорд.
На 10 април 1964 година починал, оставајќи ја надовршена сликата со охридскиот рибар, кој ја крпи својата мрежа и недоткаената таписерија.
Публицитет.мк