• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 24, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Галерија „Букефал“: м-р Тони Шулајковски – академски сликар и ликовен педагог

ноември 15, 2016
in Во светот на уметноста

Деновиве на отворањето на изложбата „Минато – сегашност – иднина“ на која Друштвото за ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) во „Мала станица“ по повод 70- годишнината од своето постоење обедини три генерации автори со повеќе од 100 дела, беа доделени само две од традиционалните награди. Наградата за сликарство ја доби Тони Шулајковски.

Во ова издание на рубриката „Во светот на уметноста“ ви го претставуваме – токму него. Сликарот Тони Шулајковски често соработува со Галеријата „Букефал“ од Охрид и таму можат да се најдат негови дела. 

 

 memorija na postoenjeto 2

„Меморија на постоењето“-акрил на платно- 60см х 80см – 2014 год

 

Кој е Тони Шулајковски?

м-р Тони Шулајковски е академски сликар и ликовен педагог

Роден  е 1969 година во Скопје.

* Дипломирал на Факултетот за Ликовни Уметности (ФЛУ) – Скопје,Педагошки оддел, насока сликарство во класата на проф. Ана Темкова во 1992 година.

* Член е на ДЛУМ  од 1993 година.

* Од учебната 1996/1997 година работи како  ликовен педагог во ООУ „Петар Поп Арсов” и  ООУ „Аврам Писевски”

* Постдипломски студии – насока сликарство завршил на ФЛУ во класата на проф. Родољуб Анастасов во 2002година.

* Од 2005 година – работи со талентирани деца  во приватното ликовно студио во креативниот центар“АРС ВИВЕНДИ”

Тони Шулајковски

моб. +389 70 633 151

E-mail: toni_shulajkovski@yahoo.com

www.tonishulajkovski.com

 

povleci vnimatelno 3

„Повлечи внимателно“-акрил на платно- 70см х 80см – 2014 год.

Самостојни изложби: 53

2016 –  Скопје  – Културно Информативен Центар- КИЦ

2014 –  Скопје  –  Кафе Галерија Осум- Безистен, Стара скопска чаршија

2012 –  Скопје –  Остен- Светска галерија на цртеж

2011 –  Скопје – „Добредојде“  Македонски Добредојдовте Центар

2011 –  Скопје –  Кафе Галерија Осум- Безистен, Стара скопска чаршија

2011 –  Струмица – НУЦК “Антон Панов”

2011 –  Кавадарци – Дом на култура “Иван Мазов – Климе”

2011 –  Скопје – Културно Информативен Центар- КИЦ

2010 – Деспотовац – Галерија – Центар за култура “Св. Стефан, деспот српски” – Србија

2010 –  Ниш – Галерија – Нишки културни центар – Ниш – Србија

2010 –  Берлин – Галерија на Прима Центар Берлин – Германија

2009 –  Берово – Историско-етнолошки музеј – Дом на култура “Димитар Беровски”

2009 –  Пехчево – Галерија – Дом на култура “Јане Сандански”

2009 –  Делчево – Уметничка галерија- ЦК “ Никола Јонков Вапцаров”

2009 –  Виница – Уметничка галерија -Дом на култура “Тошо Арсов”

2009 –  Тетово – НУ Уметничка галерија

2009 –  Врање –  Галерија  Народног музеја Врања – Србија

2009 –  Њујорк – Галерија  “М Ц “– Њујорк – САД

2009 –  Кичево – НУ Центар на култура “Кочо Рацин “

2009 –  Гевгелија – Галерија на хотел “Аполонија“

2009 –  Прилеп – Н.У .Центар на култура “Марко Цепенков “

2008 –  Љубљана – Галерија на “КРКА”- Љубљана – Словенија

 

kristalni spomeni 9 copy

„Кристални спомени“ – акрил на платно – 60см х 120см -2015

2008 –  Охрид – Завод и музеј Охрид “Куќа на Робевци”

2008 –  Софија – Културно Информативен Центар – КИЦ на Р.М. – Бугарија

2008 –  Скопје – Културно Информативен Центар – КИЦ

2007 –  Свети Николе – Народен музеј 

2007 –  Пробиштип – Дом на култура “Злетовски рудар”

2007 –  Кратово -Дом на култура “Лазар Софијанов”

2007 –  Крива Паланка- Н.У Центар за култура – Крива Паланка

2007 –  Куманово – Народен музеј – галерија

2007 –  Скопје – Француски културен центар

2007 –  Ресен –  Дом на култура “Драги Тозија”

2007 –  Струга – Центар за култура “Браќа Миладиновци”

2007 –  Скопје – Клуб ресторан “Ден и Ноќ”

2007 –  Кочани – Центар за култура “Бели Мугри”

2007-   Штип – Народен музеј- галерија “Безистен”

2007 – Велес – Народен музеј – галерија

2007 –  Битола – Завод и музеј галерија

2007 – Прилеп – Центар на култура “Марко Цепенков “

2007 –  Кавадарци – Локален музеј-галерија

2007 –  Гевгелија – Галерија на хотел “Аполонија“

2007 –  Струмица – Н.У. Центар за култура “Антон Панов”

2006 –  Охрид – Центар за култура “Григор Прличев“

2006 –  Виница – Дом на културата “Тошо Арсов”

2006 –  Скопје – Културно Информативен Центар

2002 –  Скопје –  Културно Информативен Центар

2001 –  Скопје – Културно Информативен Центар

2000 –  Битола – Завод и музеј галерија

2000 –  Куманово – Уметничка галерија

1998 –  Белград – Галерија “Сингидунум”- Србија

1998 –  Охрид – Завод и музеј Охрид “Куќа на Робевци”

1998 –  Љубљана – Уметничка галерија  на “ЛЕК”- Љубљана – Словенија

1995 –  Скопје – Културно Информативен Центар

 

provokacija 4

„Провокација“ – акрил на платно – 65см х 75см – 2014

Селектирани групни изложби: преку 80

2015- Скопје – КИЦ – Светски ден на уметноста

2013 – Струмица – НУКЦ “Антон Панов” – Струмица

2012 – Лефкоза – Културен центар “Ататурк” – Кипар

2012 – Петровац – Уметни;ка галерија – Петровац

2012 – Бар      –   Народен музеј –  Црна Гора

2012 – Улцин  –  Галерија на уметноста – Улцињ –Црна Гора

2012 – Кавадарци – Завршна изложба на колонијата

2011 – Скопје –  Изложба „5 години  Арт визион“  КИЦ – Скопје

2011 – Истанбул –  Галерија  РХ+  (РХ+ Галерѕ) – Турција

2011 – Струмица – Завршна изложба на колонијата

2011 – Скопје –  Годишна изложба на ДЛУМ – Музеј на град Скопје

2010 – Лондон – Денови на македонска култура – Велика Британија

2010 – Берлин – Јубилеј на Прима Центар Берлин – Германија

2010 – Скопје –  Изложба – Цртеж – ДЛУМ – Галерија на ДЛУМ во АРМ

2010 – Скопје –  Изложба „Уметноста може“  КИЦ – Скопје

2010 – Скопје – Годишна изложба на ликовните педагози од РМ – Детска галерија на Детскиот ликовен центар

2010 – Скопје –  XIII Зимски салон на ДЛУМ-Уметничка галерија МСУ

2009 – Скопје – Годишна изложба на ДЛУМ – Музеј на град Скопје

2009 – Скопје – XXIV Сликарство мал формат во КИЦ

2009 – Скопје – Остен- Светска галерија на цртеж – Скопје

2008 – Скопје – Годишна изложба на ДЛУМ – Музеј на град Скопје

2008 – Скопје – XXIII Сликарство мал формат во КИЦ

2007 – Скопје – Годишна изложба на ДЛУМ – Музеј на град Скопје

2006 – Скопје – 50-та изложба на ДЛУМ

2006 – Скопје – Сликарство мал формат во КИЦ

2005 – Скопје – Годишна изложба на ликовните педагози од РМ – Детска галерија на Детскиот ликовен центар

2005 – Скопје – XXII Сликарство мал формат во КИЦ

2004 – Скопје – Годишна изложба на ликовните педагози од РМ – Детска галерија на Детскиот ликовен центар

2003 – Скопје – Портрет – автопортрет Изложбен салон на ДЛУМ

2002 – Скопје – Годишна изложба на ликовните педагози на РМ- КИЦ, салон 2

2001 – Скопје – Годишна изложба на ликовните педагози на РМ- КИЦ, салон 2

2001 – Скопје – Украински и македонски уметници – КИЦ

2001 – Скопје – Портрет – автопортрет Изложбен салон на ДЛУМ

2000 – Скопје – Годишна изложба на ликовните педагози на РМ- КИЦ, салон 2

2000 – Скопје – XVII Сликарство мал формат во КИЦ

2000 – Скопје – 47-ма годишна изложба на ДЛУМ

2000 – Скопје – VIII Зимски салон на ДЛУМ-Уметничка галерија МСУ

1999 – Скопје – XVI Сликарство мал формат во КИЦ

1999 – Скопје – Портрет – автопортрет Изложбен салон на ДЛУМ

1999 – Скопје – Изложба на ликовните педагози од РМ- Салон 2 на КИЦ

1999 – Охрид –  9-та традиционална изложба на музејски работници- Куќата на Уранија

1999 – Скопје – 46-та годишна изложба на ДЛУМ

1998 – Скопје – Годишна изложба на ликовните педагози на РМ- КИЦ, салон 2

1998 – Скопје – XV Сликарство мал формат во КИЦ

1997 – Скопје – Годишна изложба на ликовните педагози на РМ- КИЦ, салон 2

1997 – Скопје – XIV  Сликарство мал формат во КИЦ

1997 – Скопје – Годишна изложба на ликовните педагози на РМ- КИЦ, салон 2

1997 – Скопје – VI  Зимски салон на ДЛУМ-Уметничка галерија

1996-  Скопје – XIII Сликарство мал формат во КИЦ

1995-  Скопје – XII Сликарство мал формат во КИЦ

1995-  Скопје – IV Зимски салон на ДЛУМ-Уметничка галерија

1994-  Скопје – XI Сликарство  мал формат  во КИЦ

1994 – Скопје – III Зимски салон на ДЛУМ, Уметничка галерија

1993 – Скопје  – IV Биенале на млади уметници во МСУ

 

sloevit predznak 5

„Слоевит предзнак“ – акрил на платно – 70см х 80см -2015 год.

Награди:

           * 2016 -Награда за сликарсто – ДЛУМ

            * 2013 -Награда-„Сликар на годината 2012“- Остен, Светска галерија на цртеж

            * 2008 -Награда за сликарство – мал формат “Константин Мазев – Коце”

            * 1992- Награда за најдобар студент на педагошкиот оддел на Факултетот за ликовна уметност – Скопје.

Колонии:                   

2014 – „Аурора“ Ликовна колонија – Берово

2012 –  Интернационална ликовна колонија – Кавадарци

2012 –  Интернационална ликовна колонија -Кичево

2012 – „Љубав и разумевање“ – Пожаревац – Србија

2011 – 48-ма Струмичка колонија – Струмица

2010 – Папрадишки мајстори – Велес

2007 – Св. Ахил – Мало Преспанско Езеро – Грција

                                                                                               

Ликовен хепенинг :

                                    2016 – Културно лето на општина Карпош  

                                    2014 – Културно лето на општина Карпош 

                                    2013 – Културно лето на општина Карпош

                                    2012 – Културно лето на општина Карпош

                                    2011  – Културно лето на општина Карпош

                                    2010  – Културно лето на општина Карпош

                                    2009  – Културно лето на општина Карпош

Ликовен перформанс „ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА“                      

                                    2013 – Градски парк – Скопје

Ликовен перформанс „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“

                                  2010 – Културно лето на општина Карпош

***Неговите  дела се наоѓаат во многу домови и се дел од многу колекции во Македонија, но и во Ирска, Холандија, Белгија, Германија, Австралија, САД, Тајланд,Канада, Нов Зеланд, Англија, Грција, Србија, Хрватска,Швајцарија, Словенија, Бугарија и Франција.

 

nebesna 6

„Небесни собитија“ – акрил на платно – 70см х 80см – 2016 год.

 

                        ТРАЕКТОРИЈА  ИНСЕРТИРАНА  ВО  БЕЗВРЕМЕНОСТА

 

            Творештвото на Тони Шулајковски е една звучна полифона импресија во постојано превирање. Тоа е сегмент на една траекторија инсертирана во безвременоста  низ која се движи балансирано низ некои недоосознаени сфери на една бинарна аналогија на микро и макро универзумот на свеста и потсвеста.

 

getImageThumbnail

Тони Шулајковски

            Композицијата во својата диспозиција стреми кон монументалното, проткаена со хетерогено вткаени, заметнати симболи-метафори-алегории на собитиа како самоникнати во симбиозата на цивилизациските рецидиви кои ги доживуваме ововремено и реално и надреално, оживувајќи ги фрагментарно и испрекинато, колажните инсерции на времето минато, сегашно и идно. Амебоидните силуети во зародишот, постојано се преобликуваат зачнувајќи една нова животворна енергија која како никулец неочекувано пак поникнува, еден нов зачеток, еден нов живот, еден нов свет, за`ртува и зачнува една нова светлина, една нова сончевина која провева низ касетно фасетираните облици и визури и со сета скала на лелеави восклици го слави животот во еден нов блесок, како една нова светлина како химна или „Oда на радоста“.

poinakvo gle3dishte 7

„Поинакво гледиште“ – акрил на платно – 65см х 75см – 2015 год.

            Бојата е звучен симбол – колоритна доминанта која постојано се преобликува, се трансформира и видоизменува , оттргната од палетата на широк колоратурен регистар. Метафорите на асоцијативното, симболичното, експресијата на бојата и гестот, инсерциите како инкрустирани во концептуалноста на контроверзното  нè водат до восхит и кротка радост во доживувањето што ја понудува аурата на фантастичноста и фантазмагоричноста во симултаноста на секвенците и инверзија на фрагментите разоткривајќи постојано една нова слика во слика, побудувајќи ја едновремено и  онаа медитативна катарза која луцидно проникнува во лавиринтите на свеста и понира по трагите на потсвеста, соочувајќи нè со релативитетот и кревкоста на постоењето и опстојувањето, со бескрајот на непознатото и извишувајќи нè, за миг над ефемерното.Сета таа констелација на непредвидливи спинови и вектори, сугерирани и акцентирани со импулсот на  гестот го детерминираат енергетскиот и психолошкиот набој воведувајќи нè постојано во една нова загатка – енигмата на недоосознаеното.

zad scenata 8

„Зад сцената, се е можно“ – акрил на платно – 65см х 75см – 2014 год.

            Низ сиот тој отворен динамичен систем во постојано превирање и низ сиот регистар на дисперзирана или компактна , колоритна гама, аморфна, распрсната магма во излевање преточена во гранули или некаде воздушесто лазурна и транспарентна, се навестува текстура на скицуозно инкрустирани сегменти, скерца на собитиа,обезличени во процесија на задкулисното кои сведочат, демнеат,укажуваат,опоменуваат набљудувајќи нè во лесно кршливото и трошно мигновено битисување, поткопувајќи ги или разорувајќи ги архетипските траги на кревкиот егзистенс во обид да се допре здивот на вечноста помеѓу сегментите на одминливоста и неодминливоста,воедно релативизирајќи ги и преиспитувајќи ги дострелите на сецивилизациските вредности. Синонимите на тие дострели се разобличуваат и се пресоздаваат во сиот арсенал на обезличени атрибути.Тоа е, не само творечки изблик во еден здив на крешендо кое води кон егзалтација, туку едновремено и синопсис на загатнати бројни парадигми на генезата.

predgradie na svesta 1

„Предградие на свеста“ е наградената слика на Т. Шулајковски на годинашната изложба на ДЛУМ 

            Творештвото на Тони Шулајковски го доживуваме како една широко оркестрирана авантура опчинета од хедонизмот на љубопитноста, опчинетоста со магијата на истражувањето во неисцрпноста на разоткривањето на архипелазите на мистифицираното и демистифицираното , на осознаеното и неосознаеното, на светот во нас и светот надвор од нас.

                                                                                                         Виолета Калиќ, историчарка на уметноста

Публицитет.мк 

Посетеност: 150
Share
Previous Post

Супер Месечината низ објективот на Ема Кушевска

Next Post

DW: Фејсбук и Гугл го затвораат вентилот за македонските спамери

Next Post

DW: Фејсбук и Гугл го затвораат вентилот за македонските спамери

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 150

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk