Еден поглед во Галерија „Букефал“ и не може да се отргне погледот од една слика, сериозно посебна прочистена а со мотив кој што не тера да размислуваме за идејата и пораката.
Сликата е од последниот циклус на МАСИН – Еншанте-, циклус кој што е продолжеток на предходните циклуси што го одбележуваат творечкиот пат на Масин, почнувајки со реализам, монотипии, трансформации, 1000 бакнежи, “La vita e bellissima”, Човекот настанал од охридска пастрмка, Риба птица жена, Со чело на прст, и многу инсталации и перформанси со интернационален “звук” како и акционо сликарство, видео арт и сценографии за театарски претстави.
Целиот овој творечки животен пат го вбројува Масин во еден од водечките сликари на Македонската уметничка сцена и сериозен двигател на новите трендови.
За неговото сликарство големиот ликовен критичар Драган Јовановиќ Данилов ке запише:
-За Масин цртањето е читање однатре, спасоносно бележење. Тој својот цртеж го гради низ сударот на остри, полни со живот потези кои создаваат своевидни цртачки криптограми.
Низ егзорцистичко ослободување и надреалистично спиритуелизирање , цртежите на Масин ја разоткриваат таинственоста на некои дамнешни, невидливи пораки кои овој цртач ги пренесува во осегот на видливото.Најдобрите цртежи на Масин се оние во кои линијата магиски се одвојува од формата, и водена од силата на некоја нејаснанамера тргнува некаде кон езотеричното.Иако на прв поглед делуваат како спонтана, слободна импровизација, цртежите се строго промислени, тие упатуваат на мудроста дека сите тајни се запишани во самите нас, и дека таму – а не надвор од нас – треба и да ги бараме.
Љупчо Жупам, галерија „Букефал
Публицитет.мк