Леонардо да Винчи го носи товарот на големите очекувања.
Непобитен факт е широчината и длабочината на неговата генијалност. Речиси пет века по неговата смрт, благодарение на неговото наследство тој уште живее. Нема човек кој нема слушнато за „Тајната вечера“ или за „Мона Лиза“. Неговите дела претставуваат инспирација и мистерија за многу уметници, кои со воодушевување гледаат на неговиот живот и дело. Leonardo е сеопфатен и модерен во неговите интереси, со своите соништа за авиони, подморници и оружје за масовно уништување, тој повеќе изгледа како пророк на нашето време отколку производ на сопственото. Неговите познати достигнувања во областа на анатомија, инженеринг, хидраулика, оптика и бојадисување – неспорно се вчудовидувачки. Но често му се доделуваат повеќе заслуги. Тој е подготвен да се апстрахира од сопственото време и брзо влегува во нашето, на тој начин излегува од документираната историја креирајќи митови. Leonardo вели: „О, бедни смртници, отворете ги очите!“. Значи да ги отвориме очите и да погледнеме што е мит а што вистина за Leonardo без вообичаеното херојско обожување и самозалажување.
Можеби ќе Ви одговориме некои прашања или мистерии што веќе ги имате за неговиот живот и дело, а можеби ќе Ви создадеме и нови, но сепак тоа е Leonardo da Vinci – личност полна со мистерии, каде границата меѓу вистината и митот е премногу тенка.
Пишувал наназад како код, со цел да ги прикрие своите тајни?
Leonardo има најпрепознатлив ракопис во светот. Но неговото карактеристично огледало – пишување, не е наменето за сокривање тајни. Како што истакнал еден од пријателите на Leonardo, ова и не претставува некој код, бидејќи се што треба луѓето да направат е да го свртат листот кон огледалото и да читаат од него. Далеку од тоа дека криел одредени тајни, тој сакал сите негови дела да бидат објавени. Неговиот трактат за сликарството е напишан со обратен ракопис, но тоа не значело дека не сакал да се објави. Тој како левучар, практикувал такво пишување се со цел да не го размачкува мастилото со својата рака. Логично, зар не?
Сепак, Leonardo некогаш навистина пишувал со шифри, обично кога се работело за трговски тајни, како оние за размена на бронза. Неговите кодови биле изненадувачки несофистицирани и биле лесно разбирливи дури и за аматерските читачи на кодови.
Користел „боженствена димензија“ во неговите слики?
Leonardo бил добар пријател со Luca Pacioli, математичар кој напишал книга Golden Ratio за таканаречената божествена пропорција. Логично е дека Leonardo може да користел ваква пропорција во неговите слики. Во дискусиите на оваа тема, многумина го споменуваат Vitruvian Man за класичен пример: ако се подели висината на фигурата со должината од папокот до стапалото, би требало да се добие математичка константа 1.61803, број кој продолжува до бесконечност. Но наместо да го мерите Vitruvian Man, избрете се себе. Ќе забележите дека резултатот всушност е 1,512. Делата на Leonardo имаат многу што да сведочат за некој вид пропорција, но сепак ништо за божествената пропорција. Останува фактот дека брилијантната работа на Leonardo има мали допири со математички константи, а многу со неговото знаење за атмосферата, движењето, анатомијата и личното изразување.
Mary Magdalene се појавува во Тајната вечера?
Пред шест-седум години во екот на Dan Brown – манијата, многумина се запрашаа за вистинските приказни кои стојат зад сликите на Leonardo, спомнати во Кодот на Да Винчи. Од посебен интерес беше претпоставката дека Mary Magdalene се појавува на Тајната вечера, со сите нејзини импликации за различни заговори. Лесно може да се докаже дека Mary Magdalene е сложен карактер за кој постојат бројни легенди создадени во Средниот век. Leonardo сакал креирање на двосмисленост, а токму тоа е и таинствената личност, фигура со машко-женски изглед во една од неговите слики во никој случај не значи жена. Мистериозниот човек на Тајната вечера е без сомнение Св.Јован. За човекот како засегнато суштество кое се воодушевува на сложеноста на работите, сепак поинтересна е идејата дека Mary Magdalene била дел од таа вечера.
Користел ист модел за Исус и Јуда во Тајната вечера?
Се смета дека Pietro Bandinelli бил изборот на Leonardo за моделирање на главата на Исус Христос. Откако работата била завршена, Leonardo се фрлил во потрага по модел за ликот на Јуда. Неколку години му биле потребни да го пронајде соодветниот лик. Барал низ просјаците и заблудените места, и претпоставете кој нашол таму… повторно Pietro Bandinelli, чиј лик, кој потсетувал на Исус, бил изменет благодарение на годините поминати во грешен живот. Во оваа приказна недостасува тоа што името на Bandinelli не се појавува во ниеден документ. Според некои други докази оваа приказна е создадена во 19 век, а вистинскиот модел бил Giovanni Conte.
http://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2012/11/3112-400×220.jpg 400w, http://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2012/11/3112-700×385.jpg 700w, http://www.divianarts.com/wp-content/uploads/20
Мона Лиза не е портрет на Lisa del Giocondo?
Идентитетот на најпознатата жена во сликарството често е оспоруван. Постојат повеќе ставови која е всушност жената на сликата, некои одат до таму што тврдат дека Мона Лиза всушност е автопортрет. Leonardo ја чувал сликата крај себе многу години и постојано работел на неа. Некои критичари мислат дека на сликата жената е дел од имагинацијата на Leonardo, која постапно го добила денешниот изглед. Неодамна откриениот документ од 1504 година, од страна на семејството Vespucci, остава мал сомнеж дали на сликата навистина e Lisa del Giocondo, младата жена на богат трговец со свила од Фиренца. Прашањето е дали LIsa би можела да се препознае во слика која била направена во нејзината младост.
h
http://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2012/11/691-400×416.jpg 400w, http://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2012/11/691.jpg 618w” sizes=”(max-width: 580px) 100vw, 580px” style=”box-sizing: border-box; max-width: 100%; height: auto; text-align: center; clear: both; display: block; margin: 6px auto 21px;”>
Дал доказ за Питагоровата теорема?
Книгите за математика и геометрија често му даваат заслуга на Leonardo за давање доказ за познатата теорема на Питагора во врска со правоаголниот триаголник. Leonardo без сомнение бил брилијантен геометар, но проблемот е во тоа што во ниедна книга каде што се подржува мислењето дека Leonardo дал доказ, не се наведува ракопис во кој Leonardo го потврдува тоа. Никој, сеуште не го докажал ова.
Не читал книги?
Leonardo е најголемиот виновник за овај мит. Опишувајќи се себеси како „човек без букви“, човек кој повеќе и верува на природата а не на книгите. Еднаш напишал: „Оној кој има пристап до фонтаната, не оди со сад по вода“. Тој не можел да се поклони на авторитетот на книгите, но дефинитивно читал. Во 1495 година во Милано тој набројал четириесетина наслви од неговата библиотека. Десет години подоцна, тој поседувал 116 тома, а во неговите белешки се открива дека дури позајмувал книги од јавни библиотеки и пријатели.
Го измислил велосипедот?
Изложбите на кои се наоѓаат реконструираните машини на Leonardo често вклучуваат и дрвен велосипед. Оправдување за ова е откритието во 1970 година, кога беше пронајдена скица од велосипед во една од тетратките на Leonardo. Скицата е тешко видлива бидејќи била споена со друг цртеж, но сепак постои. Многу експерти го осудиле овој цртеж како фалсификат, особено Carlo Pedretti, кој тврди дека скицата не била таму кога тој вршел истражување во 1961 година.