Во почетокот на 18-от век мртвата природа стана многу популарен жанр во сликарството во Русија.

ILYA MASHKOV
Во почетокот на 18-от век мртвата природа стана многу популарен жанр во сликарството во Русија. Уметниците кои работеа на овој жанр прикажаа слики на различни начини, алегориски опишувајќи го односот на нештата околу нив. Ние одбравме 17 најинтересни слики со мртва природа насликани од руските раце. // Мртва природа, Илија Машков, 1938 година.
KONSTANTIN KOROVIN
Во повеќето случаи, уметниците ги сликаа секојдневните предмети кои имаат на некој начин симболичко значење. // На морскиот брег, Константин Коровин, 1910 година.
ZINAIDA SEREBRYAKOVA
До 20-от век мртвата природа се сметала за „жанр за учење“ и не била прифатена од сериозните уметници. На почетокот на 20-от век се случи прославување на овој жанр. // Мртва природа, Зинаида Серебрјакова, 1922 година.
NIKOLAY BOGDANOV-BELSKY
Уметниците се бореа да ги прошират можностите на визуелниот јазик. Збогатени со нови предмет, слики и уметнички техники, руската мртва природа се развиваше многу бргу. За 15 години таа се движеше од импресионизам до апстрактна уметност. // Мртва природа, Николај Богданов – Белски.
KUZMA PETROV-VODKIN
Мртва природа со женска глава, Кузма Петров – Водкин, 1921 година
ZINAIDA SEREBRYAKOVA
Мртва природа со аспарагус и јагоди, Зинаида Серебрјакова 1932 година.
NIKOLAY BOGDANOV-BELSKY
Мртва природа, Христос воскресе, Николај Богданов – Белски, 1915 година.