• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Галерија „Букефал“: Ордан Петлевски од фантастиката и надреализмот до енформелот и сликарството на материја

декември 6, 2016
in Во светот на уметноста

Ордан Петлевски (Прилеп, 24 август 1930 – Загреб, 22 јануари 1997), македонски сликар. Една од клучните фигури на современата македонска и хрватска ликовна уметност.

По дипломирањето на Академијата за применета уметност во Загреб во 1955 година, продолжил на специјализација кај хрватскиот уметник Крсто Хегедушиќ (1955-1960 година). Во тој период на два наврата заминува на краток студиски престој во Париз.

04

Од крајот на 50-те години се вклучува во ликовниот живот на Загреб, каде што слика, илустрира книги и ги изложува своите дела. Бил еден од иницијаторите за создавањето на Музејот на современа уметност во Скопје во 1963 година.

06

Одржал голем број самостојни изложби во Скопје,Сараево,Белград, Загреб и Париз. Излагал на Венециското биенале во 1964 година со тогашната загребска репрезентација со Отон Глиха, Едо Муртиќ, Златко Прица, Франо Шуминовиќ, Војин Бакиќ и Душан Џамоња.

08 copy

Добитник е на повеќе награди, од кои би ги издвоиле поважните:
1959 година: Прво место на И интернационално биенале на младите во Париз.

ordan Akt copy copy

1960 година: „Трето Ноемвриската награда на Општина Прилеп“, за извонредни постигнувања во областа на ликовната уметност, инспирирана од животот на градот Прилеп и неговото поднебје.
1961 година: Швајцарска награда за сликарство во Лозана.

11

1961 година: Прво место на И југословенско триенале по ликовна уметност во Белград.
1978 година: Годишна награда „Владимир Назор“.

katalog izlozbe ordan petlevski zagreb 1973 slika 11463412

Контекстуалните рамки на сликарството на Петлевски се движат од фантастиката и надреализмот до енформелот и сликарството на материја, типично со биоморфни облици на монохроматска позадина. Иако средишниот дел од творештвото на Петлевски се поврзува со енформелот, како доминантен правец во апстракцијата од 60-те години на 20 век, кај Петлевски секогаш станува збор за уникатен јазик и за „превладување на енформелот“.

prt 200x280 1309121716

Негова ќерка е познатата хрватска писателка Сибила Петлевски.

Публицитет.мк 

Посетеност: 101
Share
Previous Post

Нашето Сонце е „застрашувачки“ мирно

Next Post

Свечени литургии по повод Денот на патронот и заштитникот на Охрид и МПЦ – Св. Климент Охридски

Next Post

Свечени литургии по повод Денот на патронот и заштитникот на Охрид и МПЦ - Св. Климент Охридски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 101

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk