Петар Мазев роден 1927-та во Кавадарци, починал 1993-та во Скопје. Завршил Академија за ликовни уметности 1953-та во Белград во класата на проф. Зора Петровиќ. Истата година станува член на ДЛУМ и почнува со излагање на групни и самостојни изложби.
Студиски престојувал во повеќе европски земји.
Петар Мазев: Сликарот треба само да слика, да го исполни ателјето со слики и со чиста совест да се прости од својот свет. Кон последната изложба на големиот уметник
Подолу погледајте го ТВ Портретот со уметникот Мазов
МАКЕДОНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА
РЕДАКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ
УРЕДНИК:
ИВАН ЏЕПАРОВСКИ
ПОРТРЕТИ
ПЕТАР МАЗЕВ Дојран “92
“ЛУЗНА ВО БОЈАТА”
Режисер
КОЛЕ МАЛИНОВ
МТВ ’92
…Дека Мазев е расен сликар беше
јасно уште на самиот почеток.
Неговиот драматичен автопортрет,
а има четири децении како го слика,
не е ништо друго туку едно огромно
и очајно око што гледа повеќе навнатре
отколку нанадвор……..
Во 1959-та станува професор на Архитектонскиот факултет во Скопје а во 1980-та избран е за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде што останува сè до пензионирањето. Добитник е на многубројни награди, меѓу кои: „Сапиро“ во Париз (1959), „11 октомври“ (1961), „13 ноември (1965), „Никола Мартиновски“ за цртеж (1981), награда за сликарство на СЛУЈ (1981), награда за сликарство на ДЛУМ (1987) и др.
Своите први цртежи во почетокот Мазев ги работел со ќумур од изгорено дрво, поради што и го добил и прекарот „Ќуќо“. За време на својата успешна уметничка кариера минал низ неколку развојни фази во творештвото: експресионистички реализам, надреализам, енформел, за на крајот повторно да и се врати на фигурата. Познат е и признат како еден од најумешните колористи во модерното македонско сликарство. Последната фаза во творештвото на Мазев излегува од порано веќе мошне асоцијативната материја на неговите дела и се движи кон необични пластични агломерации.
Изложувал на голем број групни и самостојни изложби во Македонија и во странство: Бурма, Кина, Индија, Франција, Чиле, Милано, Белград, Љубљана, Дижон, Братфорд, Рим, Торино, Нирнберг, Штудгарт, Берлин, Ним, Шел, Париз, Пекинг, Њујорк, Лозана, Мексико Сити, Атина итн. Негови дела се наоѓаат во повеќе приватни и јавни збирки во Македонија, Србија, Хрватска, САД, Германија, Швајцарија и други земји.
Петар Мазев е автор и на повеќе мозаици. Негови најзначајни дела се: „Манастирски пејсаж“, „Зрело жито“, муралот во Железарница во Скопје, мозаикот во Стопанска банка и Државна болница во Скопје, мозаикот на споменикот на Илинденското востание во Крушево, муралот на старата автобуска станица во Кавадарци, најголемиот и највпечатливиот мозаик во Спомен костурницата во Велес и многу други.
Добитник е на највисоките републички, сојузни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои се и „Сапиро“ во Париз (1959), „11 Октомври“ (1961), „13 Ноември“ (1969), „Никола Мартиновски“ (1981), Награда за сликарство СЛУЗ (1981), Награда за сликарство ДЛУМ (1987) и други.
Самостојни изложби:
1958 Скопје, Дом на културата на ДСВР (со Драгутин Аврамовски);
Куманово, Работнички универзитет (со Драгутин Аврамовски)
1959 Скопје, Дом на културата на ДСВР (со Иван Велков и Спасе Куновски)
1960 Скопје, Дом на културата на ДСВР (со Спасе Куновски)
1963 Кавадарци, Фискултурен дом
1966 Скопје, Музеј на современата уметност (Салон на „Ѓуро Салај“)
1968 Скопје, Сарај, Ателје на Петар Мазев, Вечер на музика, поезија и сликарство
1970 Скопје, Уметничка галерија
1973 Скопје, Сарај, Ателје на Патер Мазев, Вечер на амбиентална уметност (со Симон Шемов)
1976 Скопје, Музеј на современата уметност
1981 Њујорк, Културно-информативен центар на Југославија
Питсбург, Руссиан Имагес Галлерѕ
1982 Скопје, Уметничка галерија
Струга, Струшки вечери на поезијата
Ниш, Изложбен павилјон и „Салон 77“
1983 Кавадарци, Хол на салата на ДТВ Партизан
Сараево, Галерија “Роман Петровиć”
Загреб, Галерија “Форум”
Бања Лука, Изложбен салон на Домот на културата
1984 Охрид, Хотел „Метропол“
1985 Скопје, Центар за култура и информации, „Љубов во пеколот“, гвашеви,
1987 Врњачка Бања, Културен центар „Замак културе“
Белград, Галерија „Вид“ (цртежи),
Галерија на Домот на младите (слики)
Младеновац, Галерија „Вид“ (слики и цртежи)
Струга, Народен музеј
Струга, Спомен дом на браќата Миладиновци Скопје,
Салон на ДЛУМ и Ателје – Сарај, Игра со боја
1988 Скопје, Галерија „Компас“
1989 Љубљана, Галерија “Компас”
1990 Скопје, Музеј на современата уметност, Монографско-ретроспективна изложба
Велес, Ликовен салон
Куманово, Уметничка галерија
Виена, Клеине Галерие (со Боро Митриќески и Јожеф Муховиќ)
1991 Струга, Хотел „Дрим“
1992 Скопје, Културно-информативен центар за демилитаризација,
Ликовен портрет на Петар Мазев
Скопје, Галерија Стоби
1998 Скопје, Музеј на современата уметност “Генесис” (со Петар Лубарда)
2001 Струмица, Манастир „Св. Јоаким Осоговски“, Изложба на дела создадени на ликовната колонија „Св. Јоаким Осоговски“
2005 Скопје, Музеј на современата уметност
Публицитет.мк