• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Галерија „Букефал“: Шест факти за Леонардо Да Винчи коишто веројатно не сте ги знаеле (2)

февруари 28, 2017
in Во светот на уметноста

Леонардо Да Винчи, еден од најголемите умови кои воопшто чекореле по земјава, никогаш нема да престане да нѐ воодушевува.

Сликар, пронаоѓач, инженер, скулптор, архитект, музичар, математичар, картограф, ботаничар и плоден писател, Да Винчи веројатно е најголемата мултиталентирана личност од таков калибар во пишаната историја. Неговите достигнувања се премногу за да бидат вброени во толку кратка листа, но сепак, еве еден краток приказ на неговата генијалност.

Леонардо Да Винчи бил првиот кој објаснил зошто небото е сино

ldv01i

Во неговиот бележник, под „Бојата на атмосферата“, Леонардо запишал: „Синото коешто се гледа во атмосефрата не е вистинска боја, туку тоа е причинето од загреаната влага којашто испарува во најситни незабележливи честички, коишто сончевите зрази ги привлекуваат и предизвикуваат да изгледаат светли во споредба со длабокиот мрак.“

Леонардо бил првиот кој во 1508 ги предложил контактните леќи

ldv02

Тој нацртал скици кои сугерираат дека оптиката во човечкото око може да се менува со ставање на корнеата во директен контакт со вода.

3. Неговите проучувања на речните ерозии го убедиле дека Земјата е многу постара отколку што наведува Библијата

ldv03

Повеќето луѓе верувале во „Библиската старост на Земјата“ (4.000 години) сѐ до деветнзесеттиот век, а некои веруваат и денес, но Да Винчи ги надмудрил цели 300 години порано. Неговите геолошки достигнувања биле едни од најтемелните во научен поглед. Незаситната љубопитност на Да Винчи го довеле да ги проучува изложените речни камења и неговите набљудувања го убедиле дека долините се издлабени од реките, морското ниво може да опадне и да открие планини и дека сето ова не можело да се случи за само четири илјади години, туку во текот на огромен временски период.

4. Леонардо Да Винчи бил самоук и му недостасувало формално образование по грчки и латински

ldv04

Покрај некои основни вештини како пишување, читање и математика, Леонардо се стекнал со оскудно формално образование, веројатно поради фактот дека се родил како вонбрачно дете – неговиот татко бил правник а неговата мајка била селанка.

5. Леонардо Да Винчи имал обичај да купува животни во кафез на пазар само за да ги ослободува

ldv05

6. Последните зборови на Леонардо Да Винчи биле: „ Го навредив Бог и човештвото. Моето дело не го достигна потребниот квалитет.“

tldv06 

Публицитет.мк 

Посетеност: 118
Share
Previous Post

Срцеви аритмии – Едукативно видео, Црвен крст – Охрид

Next Post

Лицата со ретки болести живеат живот полн со предизвици

Next Post

Лицата со ретки болести живеат живот полн со предизвици

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 118

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk