Светски познатите галерии и ремек дела на ументоста со Google art project ви се на дофат
Уште во февруари 2011 година на својот официјален блог Google го претстави својот најнов проект „Google Art Project“, кој во комбинација со Google Street View технологијата лесно ќе ви овозможи виртуелна прошетка во најпознатите музеи во светот.
„Една од работите кои ги обожавам работејќи во Google е тоа што може да презентираш идеја денес, а од утре веќе да започнеш со работа за да ја преточиш идејата во реализација. Тоа се случи и со Art Project – нова алатка која ја презентираме денес и со помош на која на дофат на рака ќе ви се повеќе од 1.000 уметнички дела сликани во извонреден детаљ“, вели Амит Сод, шефот на овој проект.
„Започнавме како мала група на пасионирани вљубеници во уметноста кои размислуваа како можеме да ја искористиме технологијата за да им помогнеме на музеите да ја направат нивната уметничка колекција подостапна за сите – не само на редовните посетители на музеите или оние среќници кои имаат уметнички галерии во нивниот комшилук, туку на една цела нова група на луѓе кои во спротивно никогаш не би имале прилика да ги видат овие дела“, продолжува Сод.
За овој проект на Google заслужни се и технологиите како Picasa и App Engine, како и луѓето кои сакаат предизвици , како на пример изработката на една цела нова технологија која ќе му овозможи на Street View да влезе во објектите.
Сега сите имате прилика да навлезете до најдлабоките детали и да ги забележите потезите кои со четките ги правеле мајсторите како Ван Гог, Рембрант, Ботичели и останатите повеќе од 400 уметници чии дела се содржани во почетната верзија на ова најново чедо на Google.
„Мнгоу сме возбудени околу овој проект – ова е првиот чекор кон доближувањето на фантастичната уметност до обичниот човек, и се надеваме дека со текот на времето ќе додадеме уште повеќе музеи на нашата листа“, завршува Сод.
На почетокот во 2011 беа достапни 17 музеи во кои може да се прошетате, без оглед на тоа дали сте студент, уметник или љубител на посетувањето музеи и да уживате во уметничките мајстории на големите сликари.
Познавајќи ја силата на Гугл сигурно тој број денеска е далеку поголем и побогат. Ќе ви треба само време и кондиција дури и за виртуелната прошетка по уметничките галерии.
Еве го линкот преку кој можете да влезете во светот на уметноста:
https://www.google.com/culturalinstitute/project/art-project
Публицитет.мк