На Македонската ликовна сцена присутен е повеке од 40 години а со Галерија „Букефал“ соработува од самото нејзино основање.
Сликар кој што ја доловува благородноста, динамиката и грациозноста на коњот како мотив, решени во состојби кои уметникот ги одбрал за да покаже аспекти својствени за коњот како “дефиниција за убавината на формата и динамиката”.
Со боја и со цртеж ги проникнува фигурите и околината, на одредени партии телото на коњот и атмосферата се целосно споени, едно суптилно тонење и испливување на фигурата и просторот. Суптилно се мешаат елементи на барокното (во постарите циклуси),маниризмот, надреалното, кубистичкото како би завршил Урбано – ќе рече историчарот на уметност Љубен Пауновски во критиката за сликарството на академскиот сликар Свето Манев.
Сликар кој што како мотив во своето творештво ги има човекот, коњот и кентаурот сите заедно поврзани преку анатомијата.
Со голема доминација на цртежот како база за секоја слика Свето Манев ги третира своите мотиви во цртеж, акварел, графика како и во техника масло на платно.
Манев има плодна кариера што остава голем печат во македонската уметничка слика, со творештво изложувано на повеке домашни и интернационални изложби.
Член е на ликовната група 77
Наградуван од својата фела за сликарство , цртеж …
Пишува: Љупчо Жупан