Роден на 14 февруари 1904 година во Струга. По завршувањето на Уметничката школа во Белград 1828 година го продолжува студирањето на двегодишниот академски курс кај проф. Милан Миловановиќ. Кон крајот на септември 1945 г. доаѓа во ослободеното Скопје.
Вангел Коџоман е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во Скопје и долгогодишен член на неговата управа.
Од 1945 г. Учествувал на изложбите на ДЛУМ во Скопје и во другите југословенски центри, како и на разни тематски изложби. Од 1952 г. Започнал да работи како професор на Вишата педагошка школа во Скопје, каде до 1972 г.
Предавал сликарство и методика на ликовното воспитание. Учел повеќе генерации млади уметници и педагози. Во 1953 г. Заедно со Личеноски и Мартиноски ја претставувал македонската ликовна уметност на големата изложба „Половина век на југословенското сликарство, 1900-1950″ во Модерната галерија во Загреб.
Во 1955-56 г. Остварил четиримесечен студиски престој во Париз. Во неговиот Дневник ќе запише: „По престојот во метрополата моите настојувања стануваат се посмели и поафирмативни, ро извесно надградување и формирање на творечкиот инстинкт”
.
Во 1974 г. Во Струга ја отворил постојаната тематска изложба-легат Струга во минатото, сместена во Спомен-куќата на Вангел Коџоман, со околу 30 масла и акварели.
Родната куќа на Вангел Коџоман во Струга и автопортрет
Во 1975 г. е избран за дописен член на МАНУ. Редовен член е 1981 г. Носител е на наградите: Октомвриска награда на СРМ за животно дело – 1969; Осмоноемвриска награда на Струга – 1975; АВНОЈ – 1979; 13 ноември на град Скопје – 1981.
Вангел Коџоман почина во Скопје, 1994 година.
Публцитет.мк