• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Галерија „Букефал“ Вангел Наумоски – „Допирот помеѓу бојата и звукот“

декември 27, 2016
in Во светот на уметноста

Деновиве во Скопје беше отврена ретроспективна изложба „Вангел Наумовски“, на која се изложени речиси 90 дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски.  Изложбата е поставена во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам.

 Најголем дел од делата се во сопственост на семејството Наумовски од Охрид, а дел првпат се презентираат во изложбен простор…

 
 Интервју со Вангел Наумоски – ДОПИРОТ МЕЃУ БОЈАТА И ЗВУКОТ од септември 1993 за радио Охрид. Автор: Милчо Јованоски. Ова интервју е наградено со прва награда на Деновите на македонското радио во 1993 година. Тоа е спој на неговата уметност и неговите музички обиди. 
 
 
 
 

Ретроспективна изложба со 90 дела на Вангел Наумовски е отворена во Даут-пашин амам.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на отворањето на изложбата истакна дека Наумовски со својот исклучителен и специфичен ликовен израз остави длабоки траги во развојот на македонската современа ликовна уметност но, и во промоцијата и афирмацијата на македонската култура во светот.

 

 

Според неа животот и творечкиот пат на Вангел Наумовски, може да се доживее само на еден начин, како една фантастична приказна, од позиција на неговиот неверојатен, искрен однос кон создавањето, па сè до надреалниот развој на Наумовски како славен уметник.

– Оваа негова животна приказна започнува од најраната возраст кога пројавил интерес за уметноста, но поради егзистенцијални потреби бил принуден да се соочи со најразлични работни искуства. Токму овие знаења, опити и насоки кои ги истражувал и стекнувал сосема сам се длабоко врежани во неговиот творечки израз и тие подоцна стануваат круцијална позитивна определба во неговото творештво кое и денеска силно ја промовира „радоста на живеењето„ наспроти технолошкиот напредок и дехуманизацијата на човештвото, истакна Канческа-Милевска.

 

vangel

Таа додаде дека Наумовски е автор кој преку својот интерес кон билошкото, органското и преку својата ликовна слобода успеа симболично да создаде композиции во кои поетското чувствување на еросот и флората и надреалните светови на измислени градини и галаксии едноставно живеат.

Делата на изложбата се отстапени од приватни лица и од установи, како Собранието на Република Македонија, Народна банка на РМ, Град Скопје, Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и Завод и Музеј од Охрид, како и од музеи за наивна уметност од Загреб и од Јагодина.

Ретроспективната изложба и монографското издание се дел од програмските активности на Националната галерија на Македонија за 2016 година, согласно со мисијата за репрезентативното одбележување на уметниците што се застапени во постојаната поставка и во колекцијата на македонската ликовна уметност на оваа национална установа.

Проектот во оваа фаза ги опфаќа делата што се наоѓаат на територијата на Република Македонија и значителен број дела што се наоѓаат на просторите на поранешна Југославија.

Вангел Наумовски (Скребатно, Охридско, 1924 – Охрид, 2006) иако самоук сликар, се вбројува меѓу малиот број уметници кои достигнале најголема афирмација и надвор од Македонија. Бил член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, имал повеќе самостојни и групни изложби.

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 89
Share
Previous Post

Младиот фудбалер Кире Маркоски во посета на своето ОУ „Христо Узунов“

Next Post

Нема ништо спорно во изградбата на хотелот кај Лагадин, тврдат од Општина Охрид

Next Post

Нема ништо спорно во изградбата на хотелот кај Лагадин, тврдат од Општина Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 89

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk