• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Галерија „Букефал“ – Василиј Кандински: 10 малку познати факти за уметникот

јануари 16, 2017
in Во светот на уметноста

На 16 декември 2016 година се навршија 150 години од раѓањето на уметникот и теоретичар, еден од пронаоѓачите на беспредметната уметност која целосно раскинува со создадената дотогаш идеја за сликарството.

 

 

1. Учи за правник

Пред да се зафати сериозно со сликарството, Кандински добива „сериозна“ професија – по желба на родителите, тој дипломирал на Правниот факултет на Московскиот универзитет. Неговата кариера оди одлично – во 1893 година, откако го завршува Универзитетот, тој останува во него како наставник, а по 3 години Дерптскиот универзитет во Тарту (денес во Естонија) му предлага место на наставник по право. Токму во тоа време 30-годишниот уметник конечно одлучил да се посвети на сликарството.

2. Инспириран од музиката

Во неговата свест сликарството е тесно поврзано со музиката. Впечатокот од претставата „Лоенгрин“ на Вагнер во Бољшој театар станува една од причините за да ја остави правната кариера. Во автобиографската книга „Скалила“ тој ги опишува на следниов начин доживувања: „виолини, длабоките басови и пред сè дувачките инструменти ја отелотворуваат во мојата перцепција целата сила на часот на зајдисонцето, мисловно ги гледав сите мои бои, тие беа пред моите очи. Луди, речиси безумни линии насликани пред мене“. Музиката и понатаму ќе го инспирира во создавањето слики. По концертот на Арнолд Шјонберг во Минхен во 1911 година тој ја слика „Импресија III (Концерт)“ (изложена е во галеријата „Ленбах“ во Минхен).

AFP/East NewsAFP/East News

3. Дизајнер и фотограф

Синтезата на уметноста е исклучително важна за Кандински и тој не се ограничува на сликарството и на музиката. Прави распоред на ентериери, создава скици за цртежи на порцелан, прави скици за фустани и мебел, се интересира за фотографијата и за кинематографијата.

4. Сликал имоти

Во потрагата по нов јазик Кандински поминува низ разни стилови. Во 1896 година тој бил трогнат од сликата на Моне „Стог сено“, која во тоа време била изложена во Москва. Подоцна во Минхен Антон Ашбе во чија школа учи Кандински, го насочува да користи посебни потези и чисти бои. Стиловите модерен и симболизам му се блиски, тој насликал традиционални прикази со имоти како „Дами во кринолини“ од 1909 година (Третјаковска галерија). А, по своето патување по Европа во работите му се појавуваат елементи на фовизам и сликарство во стилот на набидите.

„Композициите“ на Кандински не се само линии и точки

5. Критичарите го нарекуваат наркоман и луд

На првите апстракции на Кандински им претходело постепено поедноставување и уривање на формата во примарните дела што тој ги развива не само во сликарството, ами и во ксилографијата. Во 1910 година, на втората изложба на „Новото минхенско уметничко друштво“, во кое тој повикува да учествуваат уметници од различни земји (меѓу нив се Пикасо, Брак и ван Донг), Кандински ја покажува својата „Етида кон „Композиција II“ (сега се наоѓа во музејот „Гугенхајм“ во Њујорк). Критиката веднаш реагира со остри обвинувања, велејќи дека оваа слика е насликана од луд или „опиен со морфиум или хашиш“ човек.

6. Автор на првата апстракција во светот

Првото беспредметнo дело во креативноста на Василиј Кандински (и воопшто првата во светот апстракција) е „Сликата со круг“, насликана во 1911 година (сега таа е во Националниот музеј на Грузија во Тбилиси). Според уметникот природата дава импулс за креативност, но нема никаква смисла да се копира. Главното што го поставува емоционалниот тоналитет и што помага да се изгради композицијата, тоа е бојата. Обликот, пак, е комбинација на површини и линии кои раѓаат движење.

7. Воведува нови жанрови

Откако се откажува од заплетот во сликите, тој воведува нова класификација на жанрови. Наместо претходните портрети, пејзажи и мртви природи кај него се појавуваат „импресии“ – дела во кои се задржува врската со природата, „импровизации“ – спонтани и често несвесни изрази на внатрешни впечатоци и емоции, и „композиции“ – синтеза на надворешните форми и внатрешната содржина изразена преку линијата и бојата.

Archive photoArchive photo

8. Ја оживува бојата

Бојата кај Кандински е вредна сама по себе и не е поврзана со слики. Боите тој ги нарекува „природни суштества“ и им вдахнува способност непосредно да влијаат на душата на гледачот. Тој прикажува сопствени поврзувања, потпирајќи се на теоријата на Гете: жолтата потсетува на звуците на флејтата, одговара за земното, го нагласува движењето кон гледачот и одговара на триаголник; на сината, пак, ѝ одговара небесното спокојство, тагата, движењето од гледачот, круг, звуци на виолончело; црвената се внатрешни превирања, форма на квадрат; зелената е неподвижност и неемоционалност.

9. Оди во спротивност со рационализмот на руските авангардисти

Ирационалноста и емоционалноста на Кандински одат во спротивност со рационализмот на други руски авангардисти и тоа станува особено забележливо по револуцијата, кога Кандински, заедно со Александар Родченко, Варвара Степанова и Љубов Попова, предава во новоформираните уметнички институти. Откако не успева да ги постигне педагошките цели во Русија, од 1922 година тој почнува да предава во германската школа „Баухаус“, каде ја води класата по аналитички цртеж и работилница за ѕидно сликарство.

10. Не соодветствува на духот на СССР

Василиј Кандински е плоден – само во периодот на создавањето на апстрактен јазик – од 1909 до 1914 година – тој создава 200 сликарски платна и мноштво скици. Многу од нив се изгубени – во Советскиот Сојуз ги праќаат во провинциски музеи и ги кријат како несоодветни на духот на социјалистичкиот реализам, а во нацистичка Германија, пак, ги класифицираат како дегенаративна уметност.

Кандински – жртвата на два режими

Извор: www.ruskarec.mk
Публицитет.мк  
Посетеност: 114
Share
Previous Post

Охридска премиера на „Дениција“ од Петре М.Андреевски

Next Post

Цервикална (вратна) спондилоза

Next Post

Цервикална (вратна) спондилоза

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 114

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk