Во нејзините слики доминира цртежот со нота на специфична изработка на мотивот преставувајки го како Симбол, внесувајки го духот на безвременоста!
Таа е сликар што ја зачувува патината на старата охридска архитектура на своите дела , а со самото тоа ги бриши од заборав.
Дали се тоа жанровски – мртви природи,градски мотиви, охридски куќи или се тоа геометриски и лирски апстракции ги базира на темелните поставки на апстрактната уметност на ХХ век.
Српскиот ликовен критичар Милана Веиновиќ за нејзиното сликарство ќе напише:
-Сликарството на Љиљјана Радосављевиќ дефинирано е со бинарна структура и спротивставување на апстрактните и миметички елементи земени од природата и реалниот свет. Од една страна постепено ја раскинува врската со видливата реалност а од друга страна со помош на геометриски елементи создава субјективна и поинаква реалност.
Нејзините сликарски дела содржат радикален карактер кои што го развиваат искуството на постапстрактната уметност.Негувајки го принципот на “чист поглед” по примерот на радикалната модернистичка уметност, која ја редуцира сликата до чистиот естетски предмет.
Љиљјана за своето сликарство ке рече:
-За мене тоа е пат и начин на кој ги гледам работите, животот околу себе, природата , љуѓето, се…
Првиот реален поглед во текот на подолго гледање- откривање- отвора еден друг скриен свет, една друга реалност.И што повеќе ме преокупира тоа истражување во текот на преведување на ликовен јазик, понатака се отвараат нови нивоа на реалности. Спротивставувањето на бојата, формата, светлото и материјата кои ни се прикажуваат се неисцрпен извор на моето возбудливо откривање на кое му нема крај…
Публицитет.мк