• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

ГАТАНКИ погодувалки – пишувалки, најнова книга за деца од Ели Маказлиева, во издание на ЕДУКА МАК.

март 30, 2018
in Култура
ГАТАНКИ погодувалки – пишувалки, најнова книга за деца од Ели Маказлиева, во издание на ЕДУКА МАК.

„Гатанки погодувалки – пишувалки“ од Ели Маказлиева е  најнова книга чија содржина е мотивирана од древниот литературен жанр гатанки, чиј извор е во фолклорот, и спаѓа во една исклучително дефицитарна област – литература за деца.

Авторката верна на своето длабоко познавање на сензибилитетот на современото дете, го доближува на децата овој краток древен фолклорен жанр – гатанките.

Книгата е изобилие од свежина, висока и софистицирана инвентивност и креативност, која на оригинален, пристапен и интерактивен начин ги активира најмладите читатели, ја буди и ја поттикнува нивната мисловна активност.

Преку строфи од по четири или повеќе стихови (кои во себе содржат „јадро“ кое всушност е латентно метафорично прашање), кои се во совршена синергија со илустрациите и  кои упатуваат на метафоричниот поим се поттикнува когнитивното мислење кај децата.

29750438 2198186236877084 1613209871 n

Одговорот суптилно ги насочува децата кон вистинскиот поим кој треба да се погоди и внесе во соодветни графички прикази – графизми кои се важен дел на процесот на растолкување на поимот, во кои треба да се впише точниот одговор.

Интеракцијата – како суштински сегмент на овој проект подразбира процес во три етапи: кодирање на пораката (гатанка) – декодирање на пораката или устен одговор (погодувалка) – внесување писмен одговор (пишувалка). Оваа „скала“ на нивоа од домените на развојот на детето се дополнува уште со две етапи – боењето (развој на графомоторика)  и проверката на точниот одговор – гатанката на крајот од книгата.

Во оваа ретка книга како по својата концепција, така по структурата, свое место ќе најдат поимите кои му се блиски на детето и со кои секојдневно се среќава.

Рецензии за книгата напишаа: проф.д-р Кристина Николовска и проф. д-р Јованка Денкова. Илустрациите се на Игор Јовчевски.

Издавањето на книгата е поддржано  и од Министерство за култура, во рамките  на годишниот конкурс за проекти од национален интрес на културата во областа на литературата и издавачката дејност.

Публицитет.мк

Посетеност: 57
Share
Previous Post

Градоначалникот Стојаноски ги прими учесниците на Бреинобреин натпреварот одржан во Белград

Next Post

Во Охрид отворена изложба на фотографии под наслов: „Сон“

Next Post
Во Охрид отворена изложба на фотографии под наслов: „Сон“

Во Охрид отворена изложба на фотографии под наслов: „Сон“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 57

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk