• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јули 6, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

ГДУ бара: Радикални мерки за борба против Корона вирусот

март 28, 2020
in Тикер
ГДУ бара: Радикални мерки за борба против Корона вирусот

Во светски рамки, како основнo оружје во оваа битка со опасниот вирус Ковид-19 се покажале масовното тестирање како и изолацијата-карантинот. велат од партијата ГДУ и затоа предлагаат: 

1. Зголемување на бројот на тестирани граѓани, вложување на целиот државен капацитет за зголемување на можностите за тестирање на граѓаните, особено во населените места каде што има регистрирано случаеви на Ковид-19. Тестирањето, пробите за тестирање да бидат земени од мобилни тимови по преценка на здравствените работници.

2. Изолирање во карантин со уште построги мерки за контрола на секој заразен, соодветно лекување.

3. Секој кој ќе влезе во државата да биде тестиран и во карантин, согласно мерките кои важат и сега.

4. Контролни пунктови пред населените места, особено во оние населени места каде што нема регистрирани случаеви на Ковид-19. На пунктовите да се земаат проби за тестови на секој кој влегува во населеното место, да се врши анкета и да се собираат податоци за неговата состојба како и причините за патувањето и неговите евентуални контакти. Да се дезинфицира возилото, но и патниците во него, како и на секој да му се даде заштитна маска, ракавици и друга заштитна опрема.

Искрено сме растревожени од хаосот кој владее во реториката помеѓу политичките субјекти во Македонија. За наша огромна жал, и во овие тешки моменти, не успеавме како општество и држава да го впрегнеме целиот капацитет и знаење, со цел да се справиме со предизвикот пред нас. Многу малку слушаме конкретни предлози за справување со кризата, особено во насока на безбедноста и здравјето на граѓаните. Имаме длабока убеденост дека економските интереси, како и економските последици од пандемијата, успеаја да го изместат фокусот од основниот приоритет во моментот, а тоа е здравјето на граѓаните.

Без здрави луѓе, кои ќе произведуваат и ќе бидат потрошувачи, невозможно е да ја санираме или воопшто да ја развиваме економијата.

Затоа ние од Граѓанско Демократската Унија-ГДУ ќе останеме лојални на нашето разбирање дека сега не е моментот за политичко препукување, туку е момент во кој сите кои имаат конкретни идеи, знаење и капацитет, се должни да го впрегнат во оваа тешка битка.

Предлагаме радикални мерки за борба против Корона вирусот, со јасна цел како приоритет а имено здравјето на нашите сограѓани. Бидејќи сме мала земја овие предлог- мерки ќе може да се спроведат брзо и ефикасно и за не повеќе од месец дена ќе успееме да ја изолираме епидемијата, а здравите наши сограѓани во меѓувреме ќе можат да продолжат со работа.

Така ќе го заштитиме населението, но ќе ги намалиме и лошите реперкусии врз економијата, велат од ГДУ. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 50
Share
Previous Post

Стрелките на часовникот ноќеска ќе ги поместиме еден час понапред

Next Post

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

Next Post
Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 50

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk