Aрхитектот Александар Ставревски од Охрид долги години живее и работи во Лондон на минување разговаравме за личните и достигнувањата на фирмите чиј сопственик е тој а се занимаваат со градежен информатички моделинг.
Александар е познат по својата успешна градежна компанија Г5Д, која повеќе од 3 години функционира во Охрид а сопственик е и на компанијата БИМ – ДМ во Лондон која се занимава со building information modeling. Тоа е градежна компанија која на своите клиенти им овозможува високо технолошко градежништво.
Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост. Со Ставревски – разговара Милчо Јованоски:
Ова е линкот преку кој одблиску можете да се запознаете со работата на фирмата Г5Д
Минатата недела Ставревски со својот тим на покана на Градежниот факултет во Скопје одржа неколку предавања и презентации кои ги проследија луѓе од областа на градежништвото, индустријата и науката а беа на теми од областа на високо технолошкото градежништво.
Во разговорот за Публицитет.мк Александар Ставревски кажа дека на крајот од 2016 година среде Лондон учествувале на саемот на дигитална технологија во градежништвото и успешно ги презентирале своите достигнувања во оваа област и биле забележани од посетителите и стручната критика.

-Лондон е нашиот пазар. Токму на оваа метропола сме фокусирани со нашите проекти. Среќен и горд сум што охридската фирма Генерик 5 Д се развива успешно и веќе однапред имаме работа за над една година што ни дава комоција во креативноста и квалитетот на работењето. По средбата во Скопје со македонските експерти, професори и практичари во градежништвото се надеваме дека наскоро и на овој пазар ќе влеземе со одредени проекти пред се’ сврзани со смарт технологијата во градежништвото.
Со Александар во интервјуто говориме за ерата на паметни градови, за објектите кои лечат, 3 Д технологијата во изградба на куќи, новите еколошки бетони и роботиката во градежништвото која не е фикција , туку реалност.
На крајот Ставревски ни рече дека е задоволен што при секое доаѓање во Македонија носи некој свој колега и соработник – странец за да му ја открие земјава која ја спореди со ковчег преполн со богатство културно и природно кое чека да биде откриено.
Публицитет.мк






