Екипите на локалните јавни претпријатија во Охрид во текот на овој летен период кога е шпицот на туристичката сезона, работат 24 часа, информира градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.
Охридскиот градоначалник додава дека во изминатите 24 часа се вршеше чистење на неуредна и дива вегетација на неколку локации, се косеа јавните тревни површини на булеварот „Туристичка” и во центарот на градот, а исто така се наводнуваа и тревните површини и се уредуваа цветните леи.
Беше спроведен и дополнителен ангажман на дежурни екипи пред, за време и п одржувањето на концерти на повеќе локации во градот, а се одржуваше и јавната чистота на плажите во две смени.
Извор: Официјална ФБ страница на градоначалникот Георгиески