• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, октомври 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Георгиески: Во Баку ќе го презентирам планот и преземените мерки за заштита и унапредување на статусот на Охрид како Светско културно наследство

јуни 30, 2019
in Тикер
Георгиески: Во Баку ќе го презентирам планот и преземените мерки за заштита и унапредување на статусот на Охрид како Светско културно наследство

Пред заминувањето во Баку на 43-тата Сесија на Комитетот за светското наследство каде ќе се дискутира за судбината на Охрид во УНЕСКО градоначалникот на Охрид Константин Георгиески се огласи на својот официјален фејсбук профил и вели: 

 -Речиси три децении Охрид е жртва на несоодветно и на несовесно владеење на сите нивоа.Од монета за поткусурување помеѓу политичките елити на централно ниво до жртва на лукративните интереси на локални политички и бизнис моќници. Резултатот е катастрофален на повеќе нивоа.

Состојбата со урабнизмот и дивоградбите е алармантна. Ова не е ништо ново. Нов е само пристапот кој што ние како нова администрација во општината го преземаме за справување со овој комплексен урбанистички, политички и општествен проблем. Пристапот за кој зборувам е системски и сеопфатени со вклучување на соодветните институции и сите останати засегнати страни.

Општина Охрид за првпат во историјата, и единствена во државата, во согласност со препораките на УНЕСКО направи Регистар на нелегални градби. Идентификувавме 1,076 предмети за кои е констатирано прекршување на законот за градење. Од нив, фрапантни 409 се лоцирани во заштитниот појас. Справувањето со овој комплексен проблем не може и нема да се случува на прес конференции и соопштенија туку преку неуморна и посветена работа. Општина Охрид како најзасегната и најзаинтересирана ја презеде водечката и координативна улога во овој долгорочен и макотрпен процес. Во него, секој, без исклучок, ќе сноси одговорност за постапувањето и непостапувањето независно дали се работи за сторители на прекршоци или институции кои не постапувале соодветно. На увид целосно и навремено ќе се достават на јавноста наодите и резултатите од преземените мерки.

50000520 326491771289766 1988579749357682688 n

Охрид е македонско и светско културно наследство. Со поддршка на Владата и во тесна соработка со УНЕСКО преземаме активности базирани на стратешки пристап и со реално остварливи цели. Денес заминувам во Баку на 43-тата Сесија на Комитетот за светското наследство каде ќе го презентирам планот и веќе преземените мерки за заштита и унапредување на статусот на Охрид како Светско културно наследство.

Напоменав и уште еднаш потенцирам дека ништо нема да се случи преку ноќ ниту пак ќе биде едноставен овој процес. Ги повикувам јавно, сите политички чинители, граѓанскиот сектор и медиумите активно да се вклучат во овој процес. Сите да си го одработиме тоа за што сме одговорни, затоа што во залог не е само Охрид туку и функционалноста на политичкиот систем во државата. напиша на фејсбук градоначалникот Георгиески. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 105
Share
Previous Post

„Канео фест“ по 18-ти пат во Охрид

Next Post

Отворено јубилејното 35- то издание на Интернацоналната ликовна колонија „Дебрца 2019“

Next Post
Отворено јубилејното 35- то издание на Интернацоналната ликовна колонија „Дебрца 2019“

Отворено јубилејното 35- то издание на Интернацоналната ликовна колонија „Дебрца 2019“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 105

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk