• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Германските медиуми јавуваат: Гевгелија- жариште на бегалското премреже

август 16, 2015
in Актуелно

Германските медиуми посветуваат големо внимание на драматa со мигрантите на железничката станица во Гевгелија, кои брзаат на север пред Унгарија на крајот од месецов да заврши со поставувањето на оградата кон Србија.

Грчкиот остров Кос, францускиот Кале и сега македонското градче Гевгелија- на овие места доаѓа до застој во бегалските бранови. Бидејќи Унгарија подига ограда на границата, состојбата во јужна Македонија станува сѐ похаотична, пишува онлајн изданието на германскиот неделник Шпигел во текстот со наслов „ Бегалци во Македонија: паника од оградата“ .

Во него најнапред се опишуваат хаотичните сцени на железничката станица во Гевгелија при обидите на бегалците од Сирија, Авганистан или Ирак да влезат во вагоните на возот кој треба да ги однесе најнапред до Србија а потоа и до Унгарија и со тоа и во Европската унија: „ Како грчкиот остров Кос, или францускиот град Кале кај Евротунелот, така и Гевгелија на границата Грција станува жариште каде посебно јасно станува премрежето на бегалците. Причина за паниката на бегалците е најавата на Унгарија дека до крајот на август ќе заврши со поставувањето ограда на границата со Србија. потоа за мигрантите од завојуваните региони ќе биде потешко да стигнат во Европската унија и таму да побараат азил (…)

Со оглед дека рутата низ Македонија не води преку море, важи за побезбедна. Покрај тоа возовите важат за најефтино превозно средство, кое може да се употреби, без судбината да им се довери во рацете на криумчарите. Македонија на бегалците им одобрува тридневна транзитна виза (…) Градоначаникот на Гевгелија се чувствува преоптоварен од ситуацијата и оставен на цедило од страна на грчките власти ‘Проблемот не е создаден во Гевгелија и во Македонија. Проблемот е во тоа дека луѓето пропатувале низ една ЕУ-држава а тоа е Грција’, изјави тој за српската агенција Танјуг. Во меѓувреме градоначалникот се залага за поставување на сопствена ограда“, пишува Шпигел Онлајн.

И најтиражниот германски дневен весник Билд посветува простор на мигрантската драма во Гевгелија, во прилогот со наслов „Брутални борби за последните места во возот“ . Во текстот, слично како и во Шпигел Онлајн, се известува за хаотичните сцени на железничката станица во Гевгелија и се упатува на извештаите на македонските власти дека Грција со автобуси ги донесува бегалците на границата, каде се оставаат на ничија земја без натамошна помош.

„Ситуацијата е напрегната зашто сиромашната земја Македонија (стапка на невработеност 32 проценти), бегалците се препуштени сами на себе. Приватни хуманитарни организации се обидуваат да ја одржат ситуацијата под контрола.

Околу 1200 мигранти доаѓаат секој ден. Во септември би можеле да бидат дури 10000, стравува Јасмин Реџепи од организацијата Легис. таа дневно распределува 1200 ланч пакети и вода. Еднаш во Гевгелија при пристигнувањето и еднаш на Табановце на граничната железничка станица при заминувањето за Србија. Ако бегалците не ја преминат Македонија пеш, со велосипед или во такси, тие доаѓаат во Табаноце со трите редовни и многуте вонредни возови. ‘Нашата и без тоа пропадната железница воопшто нема капацитети за такво нешто’, вели Бранимир Јовановиќ од ‘Левичарското движење Солидарност’. Затоа многу мигранти одат по шините во насока на север. Околу 20 илјади го сториле тоа само од средината на јуни до средината на јули“, пишува Билд, кој се осврнува и на тоа дека во двете села Ваксинце и Лојане во близина на границата со Србија , бил развиен вносен бизнис од криумчарењето бегалци.

„Веќе и досега полицијата таму немаше што да каже, така што организирани банди може да заработуваат добро со шверц на дрога и оружје. А со почетокот на бегалската криза тие земаа бегалци и ги држеа затворени се додека не добиеја 500 евра или повеже за нивно ослободување. Во средината на јуни полицијата во акцијата со кодно име ‘Али Баба ‘ во Ваксинце ослободи 128 заробени бегалци“, пишува Билд.

И новинската агенција ДПА во опширен текст се осврнува на ситуацијата со бранот бегалци во Македонија и цитира претставник на Црвениот Крст во македонија според кого во земјата дневно пристигнуваат 2000 луѓе од Грција, што е двојно повеќе од пред само неколку недели. Како и во останатите прилози и тука се говори за мизеријата и страдањето на бегалците на нивниот пат преку Македонија до посакуваната цел Унгарија: „Меѓутоа волјата на бегалците, своето премреже да го остават зад себе, не може да биде скршена. Анас Сифрини, млад Сириец од уништениот град Алепо вели дека таму речиси една година бил во затвор и платил 11 илјади евра за да биде ослободен. Веќе четири месеци е во бегство. Во Грција бил тепан од полицајци. За него единствено е важно да оди натаму на север ‘ Жена ми и ќерка ми се во Шведска. Ќе сторам сѐ, за да дојдам таму, па нека трае и четири години’“, пишува ДПА.

Извор: DW

Посетеност: 139
Share
Previous Post

Избор – Љупка Стојменова од Кочани

Next Post

Трпејца, се гордее и со 300 години старо дабово стебло

Next Post

Трпејца, се гордее и со 300 години старо дабово стебло

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 139

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk