Пациентка со мозочна смрт, Емилија Динева (45 годишна) родена од Јосифово, а жител на стар Дојран, која по тешка сообраќајна несреќа, со согласнот на семејството донираше срце и два бубрега, денеска спаси три човечки животи кои ќе продолжат со благослов на нејзините функционални органи.
Ноќеска по 6 часовна операција нејзиното срце беше трансплантирано на 52 годишен пациен со вграден аорто-коронарен бајпас и со огромна редуцираност со само 20% функционалност на срцевиот мускул, во државтана Клиника за кадриохирургија. Пациентот беше на листата на чекање за трансплантација.
Два бубрега од истиот донор во моментов се трансплантираат на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа. Ова се огромни достигнувања на македонското здравство, но и огромна хуманост на донорот и неговото семејство кое продолжи здравје и надеж за тројца незнаници, но паталци за здравје.
– „Би сакале најпрво да се заблагодариме на семејството на донорот. Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е тешко. Незамисливо тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и многу хуманост да мислите на нечиј туѓ живот во моменти кога знаете дека сте го изгубиле најблискиот. И за ова сме им бескрајно благодарни. Тие се се хероите на оваа приказна. Би сакал да им се заблагодарам на лекарите од јавното и приватно здравство, медицинските сестри, координаторите и сите оние кои тимски ја направија трансплантацијата. Ова е огромен успех за македонското здравство“ – порача денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– „За жал ЕДЕН живот згасна, но TРИ ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред сѐ сопруга, мајка, баба… Прерано нѐ напушти.. Емилија Динева, твоето срце душо продолжи да чука“, пишуваат нејзините сограѓани на социјалните мрежи.
– „Емилија е родена во Јосифово, долги години со сопругот живее во Стар Дојран, мои соседи се и луѓе кои ги почитувам. Во понеделникот се случи несреќата, која за жал заврши кобно. Таа беше во кома изминатите денови, не преостануваше ништо друго… Одлуката да се донираат нејзините органи ја донесе целото семејство, сопругот на Емилија, нејзината ќерка која има 23 години и синот кој има 18 години. Нема зборови со кои може да се опише нивната големина. Оставија траг во нашето здравство, во нашата медицинска историја“ – емотивно раскажува градоначалникот на Дојран Анго Ангов за Фокус.
Тагата е присутна, вели Ангов, но открива дека цел град е горд на овој хуман потег.
– „Ова е и лекција за хуманост. Ништо од тоа знаење и целата технологија ќе беа немоќни доколку немаше донор. Со својата смрт да избави друг човек од истото, да му дари години со семејството, со пријателите, со деца и внуци. Од смрт на непознат човек му го даде најголемиот подарок на втор живот. Вечна му/ѝ слава на донорот и благодариме за лекцијата по хуманост“, напиша на ФБ Божидар Божиновски.
Извор: https://gevgelijanet.com/