Охриѓани после двата порази од Гостивар и Воска на најубав можен начин им се вратија на победите.
Охриѓани со победа од 2-0 против Слога со прекрасните eвро-гола на Митревски и Костовски на претпоследниот натпревар односно на последниот натпревар пред своите гледачи од есенската полуетапа на најубав начин се простија од своите симпатизери.
Во текот на целиот натпревар домашните доминираа на теренот и како плод на една таква игра стигнаа до важна победа за што подобар пласман на второлигашката табела.
Од друга страна гостите не создадоа некаква посериозна шанса за гол и ако домашните реализираа неколку изгледни шанси за гол победата на охриѓани можеше да биде изразена со уште некој гол во гостинската мрежа.
Во последното коло охриѓани ќе играат против Беласица во Струмица.
Головите од натпреварот можете да ги погледнете на следниот линк
Извор: Охрид Спорт, Иван Арсеноски
Публицитет.мк