На последниот натпревар од оваа сезона охридските фудбалери со двата гола на Роберт Митев во 19-та и 38-та минута од првото полувреме славеа убедлива победа против екипата на Тетекс од Тетово со што се изборија од следната сезона да играат овој пат во ново формираната единствена Втора лига.
И покрај бројните проблеми како и лошиот распоред кој не ветуваше ништо добро сепак раководството стручниот штаб а посебно играчите заслужуваат честитки за се што направија за овој клуб.
Посебно за овој успех од прва рака охридските фудбалери честитки добија од присутната публика а посебно од секогаш верната навивачка група РИБАРИ кој со аплауз ги испратија своите миленици.
Сега останува да се размислува како клубот навивачите а посебно градските структури што можат да направат да во сега веќе единствената Втора лига охридската екипа да не се доведе во ситуација како оваа година да се бори до последно да обезбеди опстанок туку напротив да се направи се екипата да најави и кандидатура и пројави амбиции за влегување во македонската Прва лига бидејќи на Охрид местото му е во Првата лига.
И .Арсеноски – Охрид Спорт.
Публицитет.мк