На 25 декември – понеделник од 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи „Предновогодишна филмовизија“.
Организатори на овој хуманитарен настан се учениците од завршните класови на охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ од Охрид со помош на нивниот професор Стефан Каневче.
Годинава темата на хуманитарната забава е филмска музика . „Бесниот бенд“ од гимназијата ќе изведе 20 музички нумери – теми од исто толку познати светски филмови.
И додека свири бендот повремено на сцената ќе се менуваат 3 танчерски групи од кои едната е составена од ученици од четврта година во гимназијата. Кореографиите и костимографијата ќе се во склад со филмските нумери а ние забрзано вежбаме и се забавуваме , ни открија дел од учесниците во овој своевиден и несекојдневен потфат.
Цената на влезницата е само 100 денари и што е најважно средствата што ќе се соберат ќе одат во хумани цели.
Публицитет.мк