Последниве години, многу често се прашувам што е тоа што ми недостига за време на празниците…
Пиејќи кафе пред неколку утра, помина едно младо момче кое продаваше новогодишни честитки. Импулсивно го застанав и ги зедов сите, ем тој да се стопли поскоро и да замине дома, ем на моите ќерки да им покажам како изгледаше нашето детство за време на празниците, вели нашиот естраден уметник Ѓоко Танески.
Еве не сега, разговараме за тие убави времиња, кога ќе заѕвонеше ѕвончето и со браќата трчавме поскоро да ја отвориме вратата, да ги земеме пликоата и со трепет во срцата да видиме чија симпатија испратила честитка, кој од фамилијата во странство се сетиле на нас, пријателите на нашите родители, нивните соработници или пак баба и дедо, тета и чичо…
Годинава знам! Живи сме и здрави, среќни и сплотени, честитките напишани, а утре преку #македонскапошта и испратени. И знам дека ѕвончето во новата 2021ва ќе заѕвони повторно, овој пат моите ќерки ќе се стрчаат и ќе чекаат одговор преку честитка, од своите симпатии, другарки, пријатели, роднини, баба и дедо, тета и чичо!
Да, годинава знам! Ништо нема да ми недостасува!
Публицитет.мк