• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 22, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Гоце Гаврилоски од Охрид меѓу наградените на конкурсот за класична музика за 2015-та

август 25, 2015
in Култура

Со оваа поддршка продукцијата на дела од областа на класичната музика се зголеми четирикратно, што е голем успех за нашата држава, за Минстерството за култура и за македонските автори …

 

– На првиот конкурсен рок за 2015 година за нарачка на дела од областа на класичната музика до Министерството за култура беа поднесени 41 апликација во 9 различни категории. Доделени се 25 награди во износ од 1.575.000 денари, и тоа: девет први награди во износ од 695 илјади денари, осум втори награди во износ од 515 илјади денари и осум трети награди во износ од 365 илјади денари.
На денешната прес-конференција резултатите ги соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која посочи дека имало голем интерес за конкурсот.
rezultati_od_konkurs_4– Од техничката поткомисија од Министерството за култура беше констатирано дека од технички аспект, само една од 41 пристигнати апликации не ги исполнува условите на конкурсот и од тие причини оваа композиција беше дисквалификувана и не беше проследена на евалуација од страна на стручните комисии. Останатите 40 композиции беа квалитативно оценувани од девет посебни комисии во кои освен претставниците од Сојузот на композиторите и Сојузот на музичките уметници, членуваа и други реномирани домашни и странски автори и репродуктивни уметници – нагласи Канческа-Милевска. 
Во категоријата марш за дувачки оркестар, доделена е една награда, само за композицијата на авторот Тодор Трајчевски. Во категоријата за вокален солист(и) и симфониски оркестар во духот на најзначајните македонски православни обичаи (Божик, Бадник, Велигден), доделени се две награди. Прва награда за авторот Маријана Јаневска и втора за делото на композиторот Благој Цанев.
Наградени во категоријата за фиксен медиум се Дарија Андовска, која освои прва награда. Втора награда освои Никола Димушевски, а трета Влатко Георгиев. Во категоријата квинтет, наградени се авторот Бојана Петровиќ-Алексова, Александар Пејовски, Вања Николовски и Илија Б. Илиевски. Во категоријата мешан хор, наградени се Никола Коларовски, Панде Шахов и Маријана Јаневска. Во категоријата трио, наградени се Никола Димушевски, Ана Пандевска и Стојан Стојков.
Во категоријата хармонски инструмент, најдобри се делата на Александар Пејовски, Борис Светиев и Јана Андреевска-Димитровска. Во категоријата соло песна, награди добија авторите Ангел Спировски, Драган Стојковски и Никола Коларовски. Во категоријата за аматерски хорски состав, наградени се Теа Богатинова, Гоце Гавриловски и Филип Иванов.
Вториот конкурсен рок ќе трае до 15 ноември.
Сони Петровски, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија, истакна дека се потврдуваат оправданоста на оваа стимулативна мерка и нејзината цел. 
– Тоа го потврдуваат бројките, делата што се создаваат. Тоа не се награди само за да ги стимулираат авторите да пишуваат, туку конкурсот во голема мера ги поттикнува да создваат во одредени форми, жанрови и за одредени состави, институции во државата, кои имаат потреба од ново творештво од македонски автори – рече Петровски. 
Во 2014 година со конкурсот за стимулирање на творештвото од областа на класичната музика беа поддржани 42 композиции на 27 македонски автори. Овие дела беа наградени со 5 милиони 305 илјади денари, средства од буџетот на Министерството за култура. 
– Со оваа поддршка продукцијата на дела од областа на класичната музика се зголеми четирикратно, што е голем успех за нашата држава, за Минстерството за култура и за македонските автори – потенцираше Канческа-Милевска и додаде дека најголем дел од поддржаните композиции веќе се изведени пред македонската публика.

Извор: Министерство за култура на РМ 

Посетеност: 95
Share
Previous Post

Првиот аеродром на соларна енергија

Next Post

StartQube, летен камп за стартапи наскоро во Охрид

Next Post

StartQube, летен камп за стартапи наскоро во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 95

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk