• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Годинашниот Охрид фест – Охридски трубадури денеска и утре на МТВ 1 репризно

септември 17, 2021
in Омнубус
Годинашниот Охрид фест – Охридски трубадури денеска и утре на МТВ 1 репризно

На Фолк вечерта, низ која што водеше Каролина Петковска, слушнавме 16 песни, а  наградените интерпретатори се: Перо Христов- прва, Ирена Спасовска- втора а Барбара Јаковлеска трета награда од жирито.

Самите пејчи ги изгласаа наградите од публиката, па така Благица Павловска се пласира на прва, Дарко Билбиловски на втора а Јагода Крнетиќ- Јефтиќ на третата позиција.

Наградата за сценски настап им припадна на дуетот Баже Груевски и Сани, песната „Љубов вечно да не грее“ што ја изведе Петар Нечовски ја доби наградата за најтрубадурска, наградата за интерпретација и припадна на Ирена Спасовска а најдобриот аранжман е на Дејан Миленковски за песната што ја пееше Ибуш Ибраимовски.

Во Интернационалната вечер наградите им припаднаа – за аранжман, на Кристи Паша што ја пееше гостинка од Албанија, Рина Рамадани.

Жири комисијата своите гласови им ги даде и на Славен Кнезовиќ (трета награда), втората ја доби Филип Јордановски а првата му припадна на Владо Калембер.

h

За најдобар дебитант е прогласен Дарко Капо, наградата „Аце Ангелески“ му припадна на дуетот од Бугарија- Expose, а наградата Долни Сарај ја доби Мелани.

Наградата „Драган Ѓаконоски Шпато“ им припадна на дуетот од Словенија, Инес Ербус & Давид Амаро, а Мирослав Рус ја доби наградата за промоција на музика на Балканот.

h

Претставниците на публика ги изгласаа- Божидар Волф- трето место, Владо Калембер- второ а гостинката од Црна Гора, Јована Мустур Ражнатовиќ со песната „Конте“ се пласира на првото место.

Реприза на Фолк вечерта од “Охрид фест – Охридски трубадури”- утре, сабота 18.09.2021 во 14:15 на МТВ1!
Интернационална вечер – реприза во недела 19.09.2021 во 14:25 на МТВ1!

Публицитет.мк 

Посетеност: 144
Share
Previous Post

Се уредува коритото на река „Сушица“

Next Post

Се одржа 33 издание на Охридски староградски средби

Next Post
Се одржа 33 издание на Охридски староградски средби

Се одржа 33 издание на Охридски староградски средби

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 144

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk