Фолклорниот ансамбл „Бисери“ се враќа со куп награди и покани за нови турнеи од штотуку завршениот Интернационален фолклорен фестивал во градот Лазње Белохард во Чешка.
Охридските фолклористи достојно ги презентираа македонските песни ора во конкуренција од уште 14 земји од светот.
-Прекрасно , проследени со аплаузи на секој наш настап и по два пати на бис го белевме платното на Билјана и добивме покани за турнеи во Словачка, Полска, Индија, Мексико, Турција, Сардинија,Индија , Унгарија…, вели за Публицитет.мк уметничкиот раководител на „Бисери“ Татјана Узуноска – Тренеска.
Таа додава дека младите игроорци имале дури по три пати настапи во еден ден и гала концерт. Од таму се враќаат и со награди за најдобро одиграна чешка полка, а игроорката Јована Милеска била прогласена за мис меѓу фолклористките.
За ФА „Бисери“ ова лето ќе биде богато со настапи и турнеи и создавање на нови пријателства и контакти.
Публицитет.мк