На Интернационалниотнатпревар кој по четврти пат се одржува во Дубаи, ОАЕ, како претставници на Македонија учествуваа 10 деца од Центар за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, предводени од тренерот на програмата.
Во исклучително силна конкуренција сите наши бреинобреин генијалци покажаа огромен успех и знаење и освоија награди и тоа: 2 трофеи, 7 златни и 1 сребрена медалја.
Особена вредност на ова најсилно Бреинобреин натпреварување во Дубаи дава поставувањето на Гинисов рекорд за најголем час по ментална аритметика, со учество на повеќе од 3200 учесници, соопштија од Црвен крст – Охрид.
Публицитет.мк