• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Големо невреме во Тетовско, пет лица загинаа, од кои две деца, многу повредени

август 4, 2015
in Актуелно

Пет лица, од кои две деца ги загубија животите, а уште 11 други се повредени во невремето што го зафати вчера доцна попладнето Тетово и полошкиот регион.

Тетовската полиција инфомира дека од надојдените води загинало малолетно машко дете од населбата Голема Речица. Од свлечиште во Шипковица загинати биле 4 лица од кои едно 14-годишно девојче.

Патот до Шипковица е отежнат поради огромни наноси на земјиште. На расчистување на теренот работи сета механизација с која располага општината Тетово и службите за справување со кризи.

Точната бројка на загинати и повредени ќе се утврди во текот денот.

Вчера во попладневните часови Тетово и околните села беа погодени од силно невреме кое за кусо време предизвика хаос во сообраќајот во градот и големи материјални штети, а се прелеа и реката Пена. Градот е прекриен со отпад, кал и откорнати дрвја. Пена е веќе повлечена во коритото.

Премиерот Никола Груевски и градоначалничката на Тетово Теута Арифи беа во Голема Речица каде штетите се најголеми. За денеска е закажана седница на Владата на која ќе се разгледаат натамошните активности за помош на погоденото население.

Теута Арифи изјави дека општината е подготвена да се справи со ситуацијата. Советот на општината ќе свика седница за дополнителен договор за справување со настаната ситуација и испрати апел до граѓаните да не креваат паника, бидејќи ситуацијата е под контрола.

Невремето предизвика и прекин на сообраќајот кон Попова Шапка и патот Тетово – Јажинце, додека во Доброште надојдените води го урнале бетонскиот мост.

Извор:МКД.мк 

Посетеност: 202
Share
Previous Post

Среќен роденден „Охридско лето“ во „Аквариус“

Next Post

Владата денеска на итна седница за поплавите во Тетово

Next Post

Владата денеска на итна седница за поплавите во Тетово

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 202

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk