Македонскиот саксофонист Горан Папаз на покана од Кинеската Џез асоцијација ќе биде дел од интернационалниот џез биг бенд во кој членуваат само 16 музичари од Европа и Кина.
Концертот ќе се одржи на 23 септември во градот Хангзоу, а по повод самитот на министерствата за култура од Централна и Источна Европа. Три дена подоцна Папаз ќе одржи предавања во музичкиот конзерваториум во Зејжанг.
-Ова е можеби едно од најголемите мои достигнувања досега во мојата кариера и сум посебно среќен.Голема благодарност упатувам до мојот сограѓанин од Охрид интернационално познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски кој неодамна одржа неколку успешни концерти во Кина и по неговата несебична препорака утре , јас летам за Кина, изјави за Публицитет.мк Папаз.
Папаз по враќањето од Кина најавува нов сингл и нови настапи низ Македонија, а секако ќе се посвети и на својата педагошка работа во Скопје во „Јахја Кемал колеџот“, каде предава музичка култура.
Публицитет.мк