“Песната “Кога љубов имам” е работена заедно со продуцентот и композитор Гоце Симоноски а е снимена во студиото на Лазар Цветкоски, LCV Production.
Музиката е на Горан Папаз а аранжманот е на Гоце Симоноски.
Се работи за ведра тема во која се појавуваат и женски вокали. Инспирацијата за истата е љубовта кон се што е околу нас т.е. се што не опкружува а не прави среќни.
Видеото е снимено и режирано од страна на Ѓоле Наумовски, Мега Продукција.
Снимањето траеше два дена и е снимено на две локации.
Како главен протагонист во видеото се појавува моделот Емилија Малезан”
Публицитет.мк