Македонскиот саксофонист Горан Папаз на покана од Кинеската Џез асоцијација деновиве беше дел од интернационалниот џез биг бенд во кој членуваат само 16 музичари од Европа и Кина.
Концертот се одржа на 23 септември во градот Хангзоу, а по повод самитот на министерствата за култура од Централна и Источна Европа.
Папаз на средина – од десно е Адам, втор човек на кинеската Џез федерација а лево Ан Ханг професор по саксофон на музички конзерваториум.
Ккао што ни напиша Горан – лево од него на концертната сцена е Хиаочуан Ли, еден од најдобрите трубачи во Кина
Токму денеска нашиот Горан Папаз држи предавања во музичкиот конзерваториум во Зејжанг.
Публицитет.мк