Гордана Ангеличин Жура е една од многуте млади, девојки од Охрид кои во потрага по науката заминале од родниот Охрид.
По девет месеци престој во Аргентина,како придружник на момчето кое штотуку докторирало , таа таму учела шпански и предавала германски јазик.
Гордана е во Охрид и признава дека светот е мал,а за жал, како што вели – Македонија е малечка за мене , понесена од желбата да истражувам и да ги учам новите хоризонти и култури.
Гордана е магистер по Интеркултурни комуникации и европски студии кои ги заврши во Германија во 2014 година, а претходно завршила Филолошки факултет во Скопје, по што добила едногодишна стипендија за САД и така тргнала да го освојува дотогаш недопреното и невиденото.
Нејзината приказна за успешноста импонира, а од друга страна звучи тажно и го отвора често споменуваното прашање: Како да ги задржиме младите и успешни кадри во Охрид и Македонија?
Нејзината приказна предновогодишно ја снимавме во култниот „Аквариус“ во нецели 7 минути со надеж дека наскоро ќе имаме повеќе време и дел од нејзиниот потенцијал да ви го пренесеме и на нашиот Интернет портал.
Со клик на линкот подолу слушнете го разговорот на Милчо Јованоски со Гордана Ангеличин Жура.
Публицитет.мк