
Македонската поетеса Гордана Каракашевска со уште тројца поети од земјава, ќе учествува на најголемиот интернационален поетски фестивал во Саранда, Р. Албанија. Поетскиот фестивал е во организација на „Јонскиот креативен клуб“, а ќе се одржи во периодот од 29 септември до 1 октомври.
На шеснаесеттото издание на фестивалот „The Trireme of the Ionian Poetry“ ќе настапат педесетина учесници од целиот свет. На ова издание на фестивалот ќе биде промовирана антологијата „Trirema e Poezisë Joniane“, во која се застапени учесниците со творби во превод на албански јазик.
Гордана Каракашевска е застапена со три творби од стихозбирката „Куќа од хартија“.

Публицитет.мк






