Утре по 23 часот на „Публицитет.мк“ Ве очекува првиот дел од разговорот со инспиративниот и секогаш позитивниот Методија Бараковски – Менде.
Бараковски, во Охрид и пошироко е познат како виолинист, но и вљубеник во хармониката, професор по музика, педагог , композитор и успешен раководител на КУД „Ѓердан“…
Со чичко Менде како што го викаат и познаваат генерации охриѓани кои најчесто биле и се дел од КУД „Ѓердан“ и ОМУ „Методи Патче“ разговаравме за спомените од деството, љубовта кон музиката, компонирањето, педагогијата, љубовта кон децата, за семејството и за неговата нераздвојна половина – сопругата Стефанка. Таа, Стефе е една од ретките во нашиот серијал која покрај главниот лик во приказната – овој пат Менде , зборува за нивниот брак, за нејзината поставеност како сопруга и другар и за Менеде како личност – невиден професионалец и сега човек кој како што ни рече по пензионирањето сака да и го посвети должното внимание на сопругата, ако може со тоа да го надомести делот што неповратно заминал со младоста….
Потсетуваме утре по 23 часот на Публицитет.мк- првиот дел од интервјуто со Методија Бараковски.