Утревечер по 23 часот на „Публицитет.мк“ Ве очекува уште една интересна аудио приказна.
За себе и својот свет ќе говори физиотерапевтот Арслан Сулјеман кој зад себе има над дведецениски работно искуство.
Во што е тајната на успехот, во неговите „златни“ раце или љубовта што ја дава преку работатата и негата кон секој пациент?
Зборувавме за неговотот детство минато крај Градска плажа и месноста Дрвара каде што живее во сопствениот дом, за луѓето кои оставиуле врз него големи траги, за оние кои го почитувале и за оние кои и денеска ги почитува.
Го прашавме како се определи за физиотерапијата и ни раскажа за деновите во училиштето, за гимназијата и секако за Вишата школа во Белград, а подоцна и специјализацијата во Битола.
Микрокосмосот на Арслан се неговата сопруга, двете ќерки од кои едната е омажена и го израдува со зетот, а потоа и првата внука.
Утревечер по 23 часот на Публицитет.мк Арслан Сулејман и неговиот живот.
Публицитет.мк