• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Градоначалникот Бакрачески најави брз почеток на доградба на патеката кон Горица

септември 2, 2015
in Тикер

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески попладнево беше на увид на патеката кај каналот Студенчишта каде во тек се подготвителните активности зареконструкција на првиот и третиот дел од патеката.

Во моментов теренот се чисти и се обележува трасата по која што ќе се движи патеката по што ќе започната градежните активности.Многу наскоро ќе почне реконструкцијата на третиот дел од патеката каде најпрво ќе се поставува атмосферската канализација, водоводна и електрична инсталација.

Третиот дел од патеката ќе ги содржи истите инфраструктурни компоненти кои веќе се изградени во вториот дел. Во овој дел од изградбата се планираат да се опфатат 210 метри должина ,а широчината на патеката ќе биде 12 метри. Целокупниот простор ќе биде соодветно инфратсуктурно уреден и поплочен со гранитни плочки (исто како во вториот дел).Во подоцниот дел од изградбата ќе биде поставено и соодветно модерно јавно осветлување .Инаку реконструкцијата на патеката со задоволство е прифатена од охриѓани и посетителите кои денес му пристапуваа на градоначалникот упатувајќи му пофални зборови за неговите заложби Охрид да се разубавува.

–– По пауза од неколку години, повторно доаѓаме во Охрид. Овој дел од патеката што сте го изградиле е одличен. Тука се рекреираме и уживаме во оваа убавина. Многу е убаво тука. Убаво го имате уредено и центарот на Охрид . Добро е што Охрид се гради и разубавува. Продолжете така-“.- велат посетители од Скопје кои долго време живееле надвор од нашава земја

Во првиот дел од реконструкцијата на патеката ќе бидат опфатени 200 м по што целата патека од каналот до хотел „Парк“ ќе добие нов модерен лик со афтентични компоненти кои се карактеристични за Охрид.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 197
Share
Previous Post

“САНРАЈС” – УПИСИ 2015/2016 – (во тек)

Next Post

Конкурсот за избор на најдобра поема на македонски за 2015 во чест на Прличев е продолжен

Next Post

Конкурсот за избор на најдобра поема на македонски за 2015 во чест на Прличев е продолжен

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 197

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk