Во рамките на посетата на Израел, вчера градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески присуствуваше на свеченото отворање на 30-тата Израелската интернационална конференција на градоначалници што се одржа во Ерусалим.
Во рамките на конференцијата Бакрачески оствари средба со градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио и со претседателот на Американско-Еврејскиот Конгрес г-динот Џек Росен. Бакрачески присуствуваше на церемонијата на полагање цвеќе во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот во Јад Вашем музејот во Ерусалим, а потоа и на говорот што во таа пригода го одржа градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио
.
Попладнето градоначалникот Бакрачески во Тел Авив оствари работна средба со менаџерите во двете водечки израелски компании во ИТ секторот Нес и Гет ( “Ness” ” Gett” ) , Мајкл Зиндерман и Макс Красник. Работниот ден беше завршен со посетата на најголемата компанија за менаџмент на отпадни води Штанг ( “Shtang” ) , која е од посебен интерес за Охрид и Охридско Езеро во поглед на заштита на водите и санација на колекторскиот систем.
Посетата на Израел продолжува денес во градовите Јокнем и Хаифа каде Бакрачески ќе оствари средби со градоначалниците и ќе посети неколку ИТ компании како и водечката светска компанија за дијагноза и третман на срцеви аритмии Биосенс Вебстер ( “Biosense Webster” ) Утре во рамките на конференцијата Бакрачески ќе се сретне со Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат.
Извор: Фејзбук профил градоначалник Никола Бакрачески