
На 6 ти јуни, Охрид по петти пат ќе биде домаќин на Спортската манифестација „Охрид трчат“.
Претставниците на оваа манифестација остварија средба со градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.
-Со организаторите на овој спортски собир разговаравме за подготовките на овогодинешното издание како и за деталите на сите предвидени настани во рамки на програмата. Со задоволство ја прифатив поканата да учествувам на традиционалната Панел дискусија, посветена на спортскиот туризам на која ќе дискутираме за значењето на ваквите манифестации во насока на развој на туризмот, вели градоначалникот Георгиески.
Извор: Официјална ФБ страница на градоначалникот Георгиески







