
По повод 70-годишнината од основањето на Државниот архив на Република Северна Македонија, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, оствари средба со директорот на архивот Емил Крстески и раководителот на подрачното одделение во Охрид, Никола Митровиќ.
-Заедно потенциравме дека оваа значајна државна институција е вистински чувар на нашата историја и култура. Архивот поседува илјадници оригинални документи, писма, фотографии и други материјали од познати историски личности, општествени дејци, како и документи од најзначајните политичко-историски процеси, настани и личности кои со своето дејствување и работа оставиле трага во минатото, истакна Георгиески.

Како што информира Георгиески, се разговарало и за можностите за продлабочување на соработката со Локалната самоуправа како и за можнoстите за креирање и имплеметирање на заеднички проекти кои би биле од големо значење за Охрид, како еден од најважните културно-историски центри во нашата држава.
Извор: Официјална ФБ страница на градоначалникот Константин Георгиески






