Денеска, во Владата на Република Македонија беа потпишани договори за имплементација на 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, кои ќе бидат финансирани од Буџетот на државата, а корисници на средствата и имплементатори на проектите се општините и Центрите за развој на планските региони. Попладнево градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески ги обелодени проектите кои ќесе реалзираат во оваа општина.
-Реконструкција на старата училишна зграда во село Волино и нејзина пренамена во Центар на локалната заедница, проектна вредност околу 2.900.000,00 денари;
-изработка на техничка документација – основен проект за реконструкција на патен правец село Злести – врска со регионален пат;
-изработка на техничка документација – основен проект за реконструкција на патен правец село Мешеишта – село Волино;
-изработка на техничка документација – основен проект за изградба на патен правец Млин “Илинче” – Црква “Свети Илија”, Мешеишта;
Заедно со општина Струга обезбедени се средства за следните проектни активности:
-изработка на техничка документација – основен проект за доизградба на патен правец село Требеништа / општина Дебрца – село Мислешево / општина Струга;
-изработка на техничка документација – основен проект за доизградба на патен правец село Волино / општина Дебрца – село Мороишта / општина Струга, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Ногачески.
Публицитет.мк